Скопјанец вчера пријавил во полиција дека група од 10 непознати лица го претепале неговиот малолетен син.
Според информациите на МВР, вчера во 19.45 часот во полициската станица Центар, А.З. (42) од Скопје пријавил дека истиот ден во 19.10 часот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“, кај Народна банка, околу 10 непознати лица физички го нападнале неговиот 17-годишен син.
Според пријавата, напаѓачите го истепале малолетникот со клоци и тупаници. Од нападот тој се здобил со отоци во пределот на главата, црвенило и гребаници во пределот на нозете и црвенило во пределот на грбот и стомакот.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.