Оние коишто сакаат поевтин iPhone, наскоро ќе може да се подноват со iPhone SE.
Доколку гласините се точни, во текот на 2022 година Apple веќе нема да го произведува iPhone mini.
Тоа значи дека доколку сакате поевтин iPhone ќе може да бирате меѓу iPhone SE модели. Според најновите извештаи, iPhone SE од наредната генерација се очекува во текот на првото тримесечје од 2022 година.
Овие информации ги објави компанијата TrendForce која верува дека Apple ќе го претстави новиот iPhone SE пред крајот на март следната година.
Последниот пат кога Apple ја обнови серијата iPhone SE беше во април 2020 година.
Според гласините, iPhone SE oд наредната генерација ќе поддржува 5G технологија, а дизајнот би требало да биде инспириран од iPhone 8 моделот.