Авто новости

Наскоро сите мали автомобили ќе станат електрични

18. октомври 2018 - 20:24 | К.З.

Полека но сигурно сите производители на автомобили се вртат кон електричниот погон, а тоа посебно е нагласено кај малите, градски автомобили.

Еден по друг, светските производители ги исфрлаат сите останати погони од нивните најмали модели и полека ги претвораат во електрични возила идеални за возење низ густо населени места.

Следен во низата е малиот C1 на Citroen, за кого ова ќе биде веќе втора генерација откако го има електричниот погон. Тој е направен на истата платформа како и Peugeot 108 и Toyota Aygo. Сега од PSA групацијата ја планираат генерацијата C1/108, а директорката на Citroen, Линда Џексон, најавува дека целата производна линија ќе биде составена од електрични автомобили.

Шпекулациите велат дека овие мали француски автомобили би можеле да имаат автономија помеѓу 160 и 200 километри, што е повеќе од доволно ако се земе предвид нивната намена – да бидат градски автомобили кои служат за превоз на кратки дистанци.

Доколку C1 стане електрично возило, без сомнеж истото ќе му се случи и на Peugeot 108 а многу веројатно и на Toyota Aygo, поради партнерството на овие три компании.

„Ако пронајдеме заедничка стратегија, ќе ја продолжиме соработката. Ако имаме различна стратегија, тоа би можело да биде причина за крај на соработката“, рече директорот на Toyota за Европа, Дидие Лерој.

Коментирај