Наследникот на Punto пристигнува во 2023

Потврдено е: наследникот на Punto пристигнува во 2023 година и ќе биде базиран на механиката на француската PSA.

Во текот на официјалната презентација на групацијата Stellantis најавено е дека FIAT во 2023 година ќе претстави потполно нов модел од Б сегментот како прво возило на овој бренд кое е засновано на заедничка механичка платформа.

Тоа значи дека долгоочекуваниот наследник на Punto ќе биде претставен и дека FIAT се враќа во сегментот на поткомпактни хетчбек автомобили.

Под изразот „заедничка платформа“, Stellantis подразбира користење на CMP(Common Modular Platform), механичка платформа која ја користат различни модели на Peugeot(208/2008), Opel(Corsa/Mokka), Citroen(C4), DS(DS 3 Crossback), како и нивните потполно електрични верзии.

Како што е најавено, Stellantis во 2022 година ќе претстави унапредена верзија од оваа платформа која ќе се користи на следните модели на оваа групација.

За потсетување, моделот Punto од првата генерација кој го дизајнираше Џорџето Џучаро беше лансиран во 1993 година. Првото Punto беше достапен со 2 врати(кабрио), 3 врата и 5 врата(хетчбек). Продадени се повеќе од 3,4 милиони примероци од овој модел.

Втората генерација дебитираше во 1999, третата дебитираше во 2005 и повторна ја дизајнираше Џучаро.

Сите модели од третата генерација на Punto се продадени во вкупно 2,67 милиони примероци пред да биде укинат моделот во 2018 година.

Интересно е дека Punto од третата генерација беше базиран на заедничката GM/FIAT механичка платформа која ја делеше со Opel Corsa D(2006-2014) и Corsa E(2014-2019) година.

Наследниците на двата модела повторно ќе ја делат механичката основа, но овој пат тоа ќе биде CMP плаформата која е од PSA групацијата.

Тагови
реклама

Беше еден од најплатените актери во Холивуд, банкротира купувајќи глупости

Read more

Басистката на „Манескин“ настапи топлес на концерт во Париз

Read more

Британците панично купуваат гориво, бензинските пумпи останаа без залихи

Read more

Волкановски го предизвика Мекгрегор

Read more

Авто новости

Колку чини одржувањето на Bugatti Chiron од 2,5 милиони долари?

Read more

Цените на половните автомобили во Германија рушат рекорди

Read more

Колкави се трошоците за поправка на електричен автомобил?

Read more

Volvo има ново лого

Read more
 

Автомобили

Колку чини одржувањето на Bugatti Chiron од 2,5 милиони долари?

Читај повеќе

Цените на половните автомобили во Германија рушат рекорди

Читај повеќе

Колкави се трошоците за поправка на електричен автомобил?

Читај повеќе

Volvo има ново лого

Читај повеќе

Дали можете да ја утврдите точната километража на половно возило?

Читај повеќе

Новото ремек дело на Ferrari пристигнува во ноември

Читај повеќе

Како да откриете дали автомобилот што сакате да го купите бил поплавен?

Читај повеќе

Дали адитивите за гориво навистина помагаат?

Читај повеќе
  • filter

За колку ќе се продаде Yugo Cabrio од 1990 година со поминати 595 километри?

Читај повеќе