Настан што ги збуни научниците: Што довело до масовно изумирање на ајкулите?

Скоро секоја ајкула во светот мистериозно исчезнала пред 19 милиони години, а научниците и понатаму немаат одговори зошто тоа се случило.

Се смета дека тогаш исчезнале околу 90% од ајкулите, а оние кои останале биле далеку помалку разнолики по големина, облик и структура. Ситуацијата не се подобрила бидејќи ајкулите од тогаш не престанале да умираат, но тоа се случува далеку побавно од моменталното истребување кое доаѓа од страна на човекот.

Американските научници Елизабет Силберт и Ли Рубин го открија настанот на изумирање проучувајќи два древни примероци на седименти од Тихиот Океан во текот на 80-тите и 90-тите години на минатиот век.

Пребарувајќи ги морските длабочини тие пронашле стари заби од ајкули и коски кои природно се спуштиле на дното на океанот. Со текот на годините тие бавно биле затрупани со нови слоеви талог. Со споредба на слоевите научниците дознале за промените во биодиверзитетот.

Според примероците, пред околу 19 милиони години имало ајкули во изобилство по што бројот и видови заби е нагло намален. Научниците не можат да објаснат која била причината за изумирање, со оглед на тоа што во тоа време немало климатски настани кои би можеле да бидат причина.

Денес една работа е јасна, ајкулите најмногу се загрозени поради луѓето, тврдат истражувачите Каталина Пимјенто и Николас Пенсон.

„И покрај неодамнешните подобрувања во областа на заштитата, малку земји воведоа ограничувања кои се однесуваат на океанските ајкули“, велат за Science.

Тагови
реклама

Во Кина откриен нов вид џиновски носорог, поголем од жирафа

Read more

На Ериксен ќе му биде вграден уред кој спасува живот, но носи и низа опасности

Read more

Четири хороскопски знаци кои привлекуваат сè околу себе

Read more

Емотивен момент во кампот на данската репрезентација: Се појави Кристијан Ериксен

Read more

Вести

Пристигнаа првите астронаути во кинеската вселенска станица

Read more

SpaceBok е првиот робот дизајниран за Марс

Read more

Колку килограми кармин јадеме во просек во текот на животот?

Read more

Првиот квантен компјутер во Европа инсталиран во Германија

Read more
 

Гик

Во Кина откриен нов вид џиновски носорог, поголем од жирафа

Читај повеќе

Три нови опции на Facebook Messenger

Читај повеќе

Триесет и четири жени го тужат Pornhub

Читај повеќе
  • play_arrow

Пристигнаа првите астронаути во кинеската вселенска станица

Читај повеќе
  • play_arrow

SpaceBok е првиот робот дизајниран за Марс

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен трејлер за видеоиграта „Pokemon Unite“

Читај повеќе

Колку килограми кармин јадеме во просек во текот на животот?

Читај повеќе

Луѓето еволуираат побрзо од кога било, а причината не се генетските промени

Читај повеќе
  • filter

Motorola Defy почнува нова ера за издржливи мобилни телефони

Читај повеќе