Натали Портман е астронаутка во трејлерот за „Lucy in the Sky“
„Lucy in the Sky“ ја раскажува приказната за астронаутката Луси Кола, која по завршување на нејзината мисија во вселената се враќа на Земјата, но почнува да ја губи свеста и контактот со реалноста.
Одличната актерска екипа е составена од Натали Портман, Џон Хем, Зази Битз, Ден Стивенс и Ник Оферман, а режисер на филмот е Ноа Хоули. „Lucy in the Sky“ е опишан како научно-фантастична драма, а ќе се појави во киносалите ширум светот во текот на оваа година.