НАТО ги испорача условите за прием, Македонија има 18 месеци за реализација

Скопје, 21 август 2018 (МИА) - Реформи во судството, спроведување на внатрешните процедури во однос на договорот за решавање на прашањето за името, обезбедување поголема отчетност и соодветен надзор над разузнавачките и безбедносните служби, проверка на внатрешните процедури за испраќање вооружени сили во странство се дел од упатствата што Владата ги прими од НАТО, а кои треба да се исполнат во временски период од 18 месеци.

Министерствата, во координација со Владата, ќе мораат да исполнат голем број економски, политички, безбедносни и судски услови, кои треба да бидат реализирани до крајот на април 2020 година.

Во документот испратен од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, меѓу политичките услови што Македонија треба да ги усвои, се нагласени бројни услови од областа на одбраната и армијата. Меѓудругото, се нагласува потребата да се осигура дека нема уставни или законски ограничувања што би можеле да ги попречат колективните одбранбени операции, да се осигура дека сите стратешки насоки за развој, трансформација и функционирање на националниот систем на одбрана и способностите се во согласност со идното членство во НАТО.

Како еден од условите на НАТО се забележува дека Министерството за одбрана треба да почне со спроведување на плановите за реструктуирање и модернизација на вооружените сили со цел постигнување на планираните воени капацитети и развивање на поспособни, расположливи и одржливи сили способни да придонесат на мисиите на Алијансата. Се бара одржување на нивото на расходи за одбраната што е доволно за поддршка за преструктуирање и модернизација на вооружените сили, што ќе овозможи ефективен придонес кон Алијансата.

Разговорите меѓу Македонија и НАТО се очекува да почнат следниот месец, а можно е да траат до април 2020 година, кога се очекува финализација, преку ратификација од страна на земјите членки и Македонија.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе