НАТО гради прва база во Албанија

Кучово, 13 октомври 2018 (МИА)- Албанската база во Кучово, која одамна е „гробишта на авиони", кои некогаш биле дел од воздухопловството, ќе стане нова воздухопловна база на НАТО.

Албанските мигови- претежно од кинеско и од руско производство, не летаат од 2005 година, додека албанскиот воздушен простор го надгледуваат Италија и Грција.

„Базата е прв потпис на НАТО на Западен Балкан, бидејќи Кучово ќе ја претвори во прва воздухопловна база на НАТО за овој регион“, вели албанската министерка за одбрана, Олта Џака.

Според неа, за првата фаза од работата, НАТО ќе одвои 50 милиони евра, со цел да го претвори Кучово во база за опрема, логистика, обуки и вежби. Се вели дека Албанија заслужува трансформација на старата база, со цел да придонесе за одржување на стабилноста во регионот и мировните мисии на НАТО низ целиот свет.

„Регионот како целина влезе во неповратен процес на  евроатланска интеграција“, рече Џака.

Базата, во 50-тите години на минатиот век, била дизајнирана од советски инженери, кои поставиле динамит под пистата за да ја разнесат во случај таа да падне во непријателски раце.

„Базата на НАТО ќе ги зголеми одбранбените способности на земјата, додека странските инвеститори ќе имаат поголема доверба во Албанија. Ова ќе биде добро за зголемување на вработеноста во тоа подрачје“, изјави командантот на воздухопловните сили Клемент Аликај.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе