НАТО денеска соопшти дека ги нотира коментарите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за прекинување на дипломатските односи со Русија.
Меѓутоа од Брисел додаваат дека сè уште не добиле официјално писмо за затворање на руската дипломатска мисија во седиштето на НАТО.
-Ги нотиравме коментарите на Лавров дадени пред новинарите, но досега не добивме ништо официјално за прашањето што го покрена, изјави портпаролот на НАТО, пренесуваат британските медиуми.
Лавров, претходно денеска, кажа дека од следниот месец ќе ги суспендира руските активности во НАТО, како одговор на Алијансата која пред десетина дена им протера осум руски фипломати од мисијата во Брисел.
Лавров додаде дека рускиот персонал во мисијата на НАТО во Москва ќе ги загуби акредитациите од 1 ноември и дека Алијансата, доколку е потребно, ќе може да комуницира со Русија преку својата амбасада во Брисел.
Читајте наредно: Русија ги прекинува дипломатските односи со НАТО