Свет

НАТО ја предупреди Турција на последиците од инсталирањето на S-400

12. јули 2019 - 13:06 | МИА
Брисел, 12 јули 2019 (МИА) – НАТО ја предупреди Турција на „потенцијалните последици” од купувањето на рускиот противвоздушен ракетен систем за одбрана S-400, откако во земјата пристигна првата пратка со дел од опремата. 
 

„На сојузниците е да одлучат каква опрема ќе купуваат, но ние сме загрижени за можните последици од одлуката на Турција да се стекне со системот С-400“, изјави официјален претставник на НАТО.

„Интероперабилноста на нашите вооружени сили е од суштинско значење за НАТО во спроведување на нашите операции и мисии”, додаде официјалниот претставник, притоа потенцирајќи дека Турција соработува со другите сојузници во развојот на системите за воздушна и ракетна одбрана од голем дострел“, пренесува ДПА.

Коментирај