НАТО му одговори на Трамп: Напад на една наша членка, значи напад на сите

Висок функционер на НАТО ги потсети САД, дека имаат обврска да го почитуваат принципот на взаемна одбрана, во случај на агресија на една од земјите членки на Алијансата.

Ова следуваше како одговор до САД, откако претседателот Доналд Трамп, неодамна изнесе свои сомнежи во врска со Црна Гора.

„Клаузулата за колективна одбрана на НАТО, член 5 (Повелба), е безусловна и е исто како од армиран бетон. Тоа значи дека напад на една наша членка, претставува напад на сите нас“, изјави за светските медиуми неименуван висок функционер на Алијансата.

Овој функционер додаде дека Трамп, на неодамнешниот самит во Брисел, зборувал за тоа како САД во целост се подготвени да ги почитуваат своите  обврските кон НАТО, како и тоа дека сојузот е силен.

Трамп во изјава за „Fox News“, емитувана во вторникот навечер, ја доведе во прашање взаемната одбрана на членките, доколку една од нив биде нападната.

Американскиот претседател истакна дека „Црна Гора е многу мала земја со многу агресивни луѓе“, чија агресивност може да предизвика и Трета светска војна.

Црна Гора во пролетта 2017 година, стана 29 земја членка на НАТО Алијансата.

Владата на Црна Гора, во реакција на изјавата на Трамп, соопшти дека е горда на својата традиција и мирољубива политика, како и дека Црна Гора придонесува за мирот и стабилност во Европа и целиот свет воопшто.

За потсетување, Трамп веќе имаше „непријатен“ однос кон Црна Гора, уште на првиот НАТО самит во мај 2017 година, кога го турна црногорскиот премиер Душко Марковиќ, за тој да застане во прв ред пред камерите.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Read more
 

Вести

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе