„НаТочак“ бара укинување на усвоениот регулациски план за Влае 2

Граѓанската иницијатива „НаТочак“ бара итно укинување на регулацискиот план за Влае 2 и негово враќање на доработка (т.н. Градска четврт СЗ 19) затоа што смета дека ќе се оневозможи формирање функционална велосипедска мрежа во овој дел на градот.

– Во моментот, во овој дел постои државно земјиште и потенцијал за изградба на попречна велосипедска врска низ Влае, линеарен парк за жителите и безбедни тротоари до училиштето „Димо Хаџи Димов“. Велосипедската врска би можела да поврзе две постоечки велосипедски патеки на растојание од речиси еден километар, но, со вчерашното усвојување на планот од страна на Град Скопје, оваа можност ќе се укине, бидејќи тој слободен простор се пренаменува за домување. Ова е воедно и единствената можност за поврзување на бул. „Партизански одреди“ и ул. „Васил Чакаларов“ со попречна патека, наведува Граѓанската иницијатива „НаТочак“.

Во овој план, опфатенa e населбата Влае 2 од Порта Влае на запад до реката Вардар на исток. Тој ги вклучува и просторот спроти ОУ „Димо Хаџи Димов“ и „Кино Влае“, како и просторот покрај улицата „Ангел Динев“ кои, исто така, од јавен простор се претвораат во станбен.

Иницијативата извесно време работи на предлог-решение за овој простор кој предвидува и линеарен парк, но за овој регулациски план, како што велат, дознале вчера, на самиот ден на закажаната седница на Град Скопје, така што немале можност да дадат предлог.

– Ако градот се грижи за јавниот интерес и ако навистина се залагаат за велосипедско Скопје и за Скопје како зелена престолнина, овој план мора да биде повлечен. Доколку овој простор остане јавна површина и се уреди со парк, зеленилото би било трипати поголемо од сега предвиденото со новиот план, велат од иницијативата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе