„Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје / NP „Parqe dhe gjelbërime“ - Shkup престанете да ја уништувате велосипедската патека на бул. Партизански одреди!
- Едно е што со години одбегнувате да ја обележите патеката, што не правите заобиколувања на автобуските постојки, што при секоја „реконструкција“ заборавате да ги слеете рабниците, а сосема друго е што при секој зафат на булеварот страда велосипедската патека, реагираат од групата велосипедски ентузијасти „НаТочак“.