НаТочак: Хаос е, потребни се велосипедски патеки околу автобуските постојки во Скопје

Групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје НаТочак апелираат до градските власти во Скопје да решат акутен проблем на велосипедистите во главниот град.

Фото: Facebook страница НаТочак

Во објава на Facebook, НаТочак велат дека со почетокот на учебната година, автобусите и улиците се преполни со повозрасни ученици и родители кои ги разнесуваат помалите, а тој метеж е видлив и на автобуските постојки.

„Претходно сме се фокусирале на проблемот со паркирање автомобили пред училиштата. Сега би сакале да се фокусираме на еден друг проблем кој стана лесно забележлив со почетокот на школската година – хаосот на автобуските постојки.“

Кога помал број луѓе се качуваат и симнуваат од автобусите и кога има помал број линии, проблемот со движењето со точак низ автобуски постојки не е толку лесно видлив. Кога бројот на луѓето кои се качуваат и симнуваат од автобусите е поголем, бројот на линии е поголем, а исто така пораснал и бројот на луѓето кои користат точак, проблемот станува многу лесно видлив. А дополнителна гужва прават и меѓуградските приватни автобуси и комбиња кои ги користат автобуските постојки за оставање и земање на патници, велат од НаТочак и додаваат дека периодов е отежното движењето со велосипед особено по Партизански одреди.

„Со години бараме и овие автобуски постојки да се заобиколат со велосипедски патеки по примерот на бул. Јане Сандански, бул. Александар Македонски и сл., за да не минуваме низ луѓето кои чекаат автобус, да не ги преплашуваме оние кои се симнуваат од автобус или да не губиме време чекајќи 2-3 автобуси да се истоварат. Бевме одбивани прво со изговор дека било скапо!? Па дека сето тоа ќе се уредело со проектот за БРТ... А во меѓувреме минуваат години на нефункционалност и нервози на сите страни“, укажуваат тие.

„Ние сакаме Скопје да добие брз автобуски превоз, но додека тоа не се случи треба да добиеме откочен и нормален велосипедски превоз со патеки по стандарди! Какво е тоа сообраќајно решение каде во иста точка се качуваат и симнуваат луѓе од автобус и минува велосипедски сообраќај?!

Цената да се заобиколат 15-ина постојки со заобиколни патеки на една од главните градски сообраќајници за велосипеди сигурно е нешто што може да го поднесе градскиот буџет“, апелираат од НаТочак.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе