#НаТочак предлага: Како може да изгледа булеварот „1 Мај“ во Битола?

#НаТочак, групата ентузијасти чија заедничка цел е подобро велосипедско Скопје, продолжува со активности за кревање на свеста и промовирање на културата на користење велосипед како превозно и рекреативно средство.

Активистите од групата под хаштазите #СоТочакЗаКлима #ДаЗборувамеЗаКлима на Facebook групата објавија предлог како би можело да изгледа булеварот „1 Мај“ во Битола, а предложеното решение е за делот веднаш покрај реката Драгор, на левиот кеј, насока од центар кон запад. Другата насока на булеварот е на другиот, десниот кеј, од запад кон центар.

Во моменталното сообраќајно решение, булеварот има по 2 сообраќајни ленти во насока, а на делови има решено и паркирање. Велосипедско решение целосно отсуствува, на делови нема ни тротоари, а на делови се претесни, укажуваат од #НаТочак и го нудат следното инфраструктурно решение:

🛣️ Овој булевар како еден од најатрактивните простори во градот, а најавтоцентрични истовремено, си побарува размислување како целина и предлагање на сосема ново решение oд моменталното, низ посложен стручен и партиципативен, сеопфатен процес.

💬И ние самите размислувавме меѓу неколку варијанти: велосипедска лента покрај објектите во една насока, велосипедска лента во 2 насоки покрај реката, еднасочна лента покрај реката со заштитен простор и други...Варијанти има многу и секоја има предности и маани кои треба да се дискутираат кога Општината ќе изготви официјални предлози.

👓Оваа фотомонтажа не може да даде решение на целата улица, туку има само за цел да придонесе просторот да се погледне со поинакви очи и да ја отвори темата: колкав простор непотребно и штетно сме им подариле на автомобилите, а сме ги занемариле луѓето.

⁉️Простор за писти над сите стандарди има, а „нема место“ за пешачки и велосипедски патеки?

💚На фотомонтажата е прикажана можна трансформација на улицата во најтесниот дел, од коловоз 4,5+4,5=9 метри до коловоз 2 x (2,75-3)+0,8+1,7+(0,5-1)=9 метри

Трансформација:

↔️ Од 2 предимензионирани ленти за автомобили на еднонасочна улица (со димензии 4,5 метри кои надминуваат автопатски ленти и служат за трки) до:

🚗2 автомобилски ленти според Словенечкиот стандард од 2,75 метри погодни за 50 км/ч или 2 автомобилски ленти од 3 метри според нашиот стандард;

🌱Заштитно растојание од 0,8 м меѓу автомобилите и велосипедите решено со зелена инфраструктура на ниво малку пониско од коловозот која ги прима и филтрира атмосферските води и која компензира за изгубената тревна површина покрај реката;

🚲велосипедска лента со покомотна широчина од 1,7 метар во една насока во близина на убавиот простор покрај реката, за која не се потребни градежни интервенции, само ознаки;

🚶‍♀️Проширување на неуредениот дел покрај реката за додатни 0,5-1 м на сметка на коловозот и негово претворање во убаво шеталиште. За него потребно е поплочување и изградба на заштитно ѕитче или ограда.

↔️ Ова шеталиште може да биде и пошироко, ако велосипедската лента биде oд другата страна на коловозот, но без заштитното зеленило.

🌳 Дрвјата не треба да се цементираат, туку да се обезбедат со решетки на ниво нула кои ќе пропуштаат вода, а преку кои може да се помине.

🔎Додека дел од улиците од примарната мрежа последниве години во Скопје се трансформираа (си ги добија назад постоечките велосипедски патеки кои беа неуредени или узурпирани со паркирани возила или пак добија нови велосипедски ленти со патна диета), во останатите градови многу затајува одржливото планирање на улиците.

‼️ Не постои ниту една друга општина според нашите сознанија која има донесено План за велосипедски сообраќај и предвидено некаква мрежа. Поединечни изведби на патеки има во различните градови (Охрид, Прилеп итн.) но план за мрежа нема. Помалите градови иако помали и со пократки дистанци на дневни движења, сепак највредните простори, околу реките неретко си ги претвораат во паркинзи или писти и со тоа населението го прават зависно од автомобил, а си го уништуваат градскиот простор.

🏞️Највредните градски простори (покрај вода: реки, езера, море) мора да се простори за луѓе, а не автоцентрични.

Битола ја има реката Драгор и заслужува шеталиште и возлива велосипедска патека од двете негови страни по целата должина.

Просторот покрај Драгор е прво за пешаци, а потоа и за точаци. Не е за складирање на коли!

Кејот треба да се доуреди во деловите во кои не е уреден, а во деловите кои се подарени на автомобилите, да се трансформира, некаде со пешачка зона, некаде со издвоени велосипедски патеки, некаде со смирување на сообраќајот каде просторот е потесен, а возилата сепак мора да поминат. Има цела лепеза решенија.

♻️Ова е само еден можен предлог од лепезата начини на кои може поинаку да се истретира оваа улица.

Moра сите градови да поработат на предизајнирање на своите улици.

Не во кампањите и не во декларативните заложби, туку во просторот се гледа вистинската еколошка и климатска заложба за сообраќајот.

📣Ги предизвикуваме сите општини низ државата да покажат дека нивните заложби се искрени со трансформации за одржливост на нивните улици, особено на просторите околу реките и езерата.

реклама

Неделен хороскоп: Кого го очекува љубовна криза, а кој ќе заработи пари?

Read more

Oткриени повеќе од 2.000 мумифицирани глави на овни во чест на најмоќниот фараон

Read more

Каде беше досега Џек Ма?

Read more

Ирина Шајк, поздрав од одмор

Read more

Живот

Која е идеалната температура за храната да трае долго во вашиот фрижидер?

Read more

Кои се петте најнечисти површини во вашата кујна?

Read more

Неделен хороскоп: Кого го очекува љубовна криза, а кој ќе заработи пари?

Read more

Почна владеењето на Овен. Што треба да знаете за луѓето родени во овој огнен знак?

Read more
 

Магазин

На која возраст младите во Македонија се иселуваат од родителскиот дом?

Читај повеќе
  • play_arrow

Која е идеалната температура за храната да трае долго во вашиот фрижидер?

Читај повеќе

Пет лоши навики со кои си го уништувате сексуалниот живот

Читај повеќе

Кои се петте најнечисти површини во вашата кујна?

Читај повеќе

Што се висцерални масти и кога се опасни по здравјето?

Читај повеќе

Kакви промени може да очекувате ако ја исфрлите солта од исхраната?

Читај повеќе
  • filter

Кои се четирите најскапи часовници во светот?

Читај повеќе

За машки: 7 совети како да ја освоиш симпатијата

Читај повеќе

Неделен хороскоп: Кого го очекува љубовна криза, а кој ќе заработи пари?

Читај повеќе