НаТочак реагираат: Што направила државата за да го помогне движењето со велосипед или тротинет?

Александра Спасеска
/ 16.06.2021 / 13:59

Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека Владата ќе воведе еколошка такса за нафтата од 3,5 денари. Воедно премиерот Заев им порача на граѓаните дека треба да се движиме почесто со велосипед, тротинет или електрични возила како и секаде низ светот.

„Еколошката такса од 3,5 денари на нафтата е со порака да се откажеме од нафтата и нафтените деривати и помало нивно користење за да преминеме на користење на зелена енергија, односно да се движиме почесто со велосипед, тротинет и електрични возила затоа што тоа го прави цел свет. Преку една ваква еколошка такса, средствата ги лоцираме директно во фондовите за инвестиции на обновливи извори на енергија, но истовремено и за амортизација при либерализацијата на пазарот на струјата затоа што сакаме да ја подготвиме С. Македонија и граѓаните за меко спуштање при целото пазарно пласирање на цената на струјата со конечна цел да нема покачување на цената на струјата оваа година“, истакна Заев, одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето на договорите за инфраструктурни проекти за 23 општини.

На ваквата вест реагираше Граѓанската иницијатива НаТочак, група ентузијасти чија заедничка цел е подобро велосипедско Скопје преку активности за кревање на свеста и промовирање на културата на користење велосипед како превозно и рекреативно средство, од каде велат дека ова е „фина порака, особено кога доаѓа од Премиер на држава“, но прашуваат„Што направила државата за да го помогне движењето со велосипед или тротинет?“

Тие нагласуваат дека додека Град Скопје работи на темата во рамки на можностите, а општините Центар, Прилеп, Охрид се обидуваат нешто да започнат, но премногу споро, на државно ниво „нема апсолутно ниту една вело-мерка“.

Во објавата на Facebook, НаТочак ги истакнуваат следниве поенти:

  • Една од последните држави сме во Европа и Балканот без стандарди / специјален Правилник за велосипедска инфраструктура
  • Немаме државна стратегија / план за унапредување на велосипедски сообраќај
  • Законот за безбедност во сообраќајот ни е е застарен
  • Немаме Визија Нула (Vision zero / Sustainable safety) / современа стратегија за системско зголемување на безбедноста
  • Немаме просторен план за велосипедски патеки меѓу населени места
  • Нема поддршка со специјален фонд за општините за велосипедски патеки
  • Министерство за транспорт и врски не го прифати нашиот предлог во Правилник за урбанистичко планирање за задолжителен велосипедски паркинг, туку го направија препорачан, за разлика од паркингот за автомобили.
  • Министерство за транспорт и врски не ни ги прифати предлозите за планирање на автомобилскиот сообраќај за посакуваната брзина (поставеното ограничување), а не за поголема, односно за прилагодување на нашите стандарди кон европските, стеснување на автомобилски ленти, намалување радиуси на свртување во населени места и сл.
  • Владата не ни го прифати предлогот за „#ПросторАнтиКорона“ мерки за здравствено (а еве сега гледаме и економско!) справување со корона-кризата кој го поднесовме минатата пролет заедно со уште 40 граѓански организации. Да го прифатеа, сега граѓаните ќе имаа каде да возат велосипеди и тротинети.

Понатаму нагласуваат дека зоровите мора да се преточат во дела и истакнуваат дека минатата година во март испратиле листа на 9+1 Црвени-велолинии до сите политички партии, но и до Владата како институција и таа ги проследила до релевантните министерства , но дека одговор уште нема.

„Бараме од Премиерот, неговиот кабинет и сите државни претставници да ги преточат своите зборови во дела. Нека направат нешто на државно ниво што ќе го олесни движењето на велосипед, е-тротинет или било кое средство за микромобилност. Па и нека се движат самите тие бар еден месец на велосипед за да видат што бараат од граѓаните и што треба да направат за граѓаните да се движат повеќе со велосипед или тротинет“, апелираат активистите од НаТочак.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе