НаТочак реагираат за лошите услови за возење велосипед, особено за постарите граѓани

Александра Спасеска
/ 30.06.2021 / 14:26

Возењето велосипед станува сѐ почест начин за рекреација, но и основен начин за транспорт за многу луѓе.

Изминатава година, главната причина за сѐ поголемиот број урбани велосипедисти, за жал, беше пандемијата. Поголемиот број на велосипедисти по улиците придонесе за промена на инфраструктурата, но и на однесувањето на останатите учесници во сообраќајот, особено возачите на моторни возила.

Нашата сообраќајна култура е генерално многу лоша, без оглед дали се работи за велосипедисти, мотоциклисти, возачи на автомобили, комбиња или електрични скутери, ролерки, а да не ги забораваме и пешаците. Факт е дека сите видови учесници во сообраќајот, без оглед на бројот и големината на тркалата, во голема мера се однесуваат неодговорно. Тоа делумно се должи на непознавањето на сообраќајните правила и прописи, а потоа на нивното непочитување, најчесто поради селективното казнување.

Сепак, најголемиот проблем за безбедно и непречено возење е лошата инфраструктура, а тоа особено тешко им паѓа на постарите сограѓани кои сакаат да возат велосипед.

„Кога ќе видите возрасно лице како вози велосипед низ вашата населба не го обвинувајте ако не вози како што очекувате. Запрашајте се дали инфраструктурата му дозволува да се движи како што заслужува човек на таа возраст. Дали таму каде што очекуваме да се движи има глатка површина, сенки, нема вода на патот или висок рабник?“, укажуваат од #НаТочак.

Активистите потсетуваат дека во Холандија, луѓето меѓу 65 и 75 години возат велосипеди повеќе од било која друга возрасна група. Не бидејќи се суперлуѓе, туку бидејќи улиците се со смирен сообраќај  и има велосипедски мрежи одвоени од автомобилскиот сообраќај. Овие средини им овозможуваат да учествуваат во општеството далеку подолго до староста.

„Велосипедските мрежи не треба да се изведуваат како по нив да ќе возат само млади мажи. Треба да се планираат за по нив да се движат и најранливите учесници во сообраќајот, како и најмладите и најстарите возрасни групи“, додаваат од #НаТочак и упатуват кон ОВАА објава споделена од Dutch Cycling Embassy.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе