ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Натпреварот Ливерпул - Атлетико во ЛШ поврзан со 41 смртен случај од COVID-19

Анализата на податоци од британската Национална здравствена служба (NHS) што ја спроведе консултантската куќа Edge Health покажа дека најмалку 41 смртен случај е поврзан со натпреварот меѓу Ливерпул и Атлетико на „Енфилд“.

Натпреварот од Лигата на шампиони се одигра на 11 март пред 52.000 гледачи, а на трибините имаше 3.000 навивачи од Мадрид.

Тоа беше последниот голем натпревар што се одигра во Англија пред да биде прекинато натпреварувањето во Премиер лигата поради пандемијата со коронавирусот.

Британски Sunday Times објави дека експерти на Edge Health направиле анализа на официјални податоци од NHS по методот „моделирање на податоци“ и сметаат дека 41 смртен случај регистрирани 25 до 35 дена по натпреварот може да се поврзат со заразени на средбата на „Енфилд“.

Според проценките на Империјалниот колеџ во Лондон и Универзитетот Оксфорд, во Шпанија имало 640.000 позитивни случаи на коронавирус во моментот кога се одигра натпреварот, а во Обединетото Кралство имало 100.000 случаи на COVID-19.

Кога се играше натпреварот, во Шпанија беа затворени училиштата и универзитетите, а државата беше на чекор пред воведување карантин. Минатиот месец градоначалникот на Мадрид, Хосе Луис Мартинес Алмеида, изјави дека било грешка што се дозволило да се одигра тој натпревар.

„Немаше никаква смисла 3.000 навивачи на Атлетико да отидат на „Енфилд“ во тој момент. Тоа беше грешка. Лесно е сега да се каже тоа, но сметам дека тогаш требаше да се покаже поголема внимателност“, изјави тој за радиостаницата Onda Cero.

Од англиска страна истакнуваат дека е невозможно со сигурност да се утврди колку луѓе се заразиле таа вечер на „Енфилд“, но сите се согласни дека дуелот не требало да се одржи.

реклама

Порнографски видеа и фотографии со девојки и жени од Гевгелија препраќани на социјалните мрежи

Read more

Коронавирус и имунитет – научно објаснето

Read more

Сабота и недела неработни, породилно отсуство 1 година и зголемување на минималната плата, бара ССМ

Read more

Италија забрани влез од 13 земји

Read more

Фудбал

Направена жрепката и за Лига Европа

Read more

Извлечени двојките за остатокот од Лигата на шампионите

Read more

Златан: Ибра не е играч за Лига Европа

Read more

Нов кикс на Интер, го загуби 3. место

Read more

Спорт

Направена жрепката и за Лига Европа

Читај повеќе

Извлечени двојките за остатокот од Лигата на шампионите

Читај повеќе

Златан: Ибра не е играч за Лига Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов кикс на Интер, го загуби 3. место

Читај повеќе
  • play_arrow

„Ѓаволите“ не запираат, на бод се од ЛШ

Читај повеќе

Иднината на ВАР е во рацете на Колина

Читај повеќе

Имобиле: Лацио не е повеќе ист

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Времеплов: 14 години од инцидентот Матераци - Зидан

Читај повеќе

Михајловиќ против Sky: Ниту збор за Болоња, личите на канал на Интер

Читај повеќе