Научете го бебето да заспива цврсто за само седум дена

Доколку вашето бебе постојано се буди, најдобро е да направите рутина за спиење. Кога вашето бебе ќе пристигне на светот, подготвени сте да го жртвувате сопствениот сон за да се погрижите за бебето, но по неколку месеци ќе бидете многу уморни.

Добра вест е што бебето почнува да спие цврсто во текот на целата ноќ помеѓу третиот и четвртиот месец. Сепак, родителите несвесно им прават лоша рутина за спиење која може да биде долгорочна.

Доколку вашето бебе има шест или повеќе месеци, тогаш е време да го научите како да спие квалитетно во текот на целата ноќ. Овие чекори треба да ги примените во период од 7 дена, па затоа бидете трпеливи.

Прв ден – почеток на рутината

Многу бебиња ги менуваат денот со ноќта бидејќи спијат попладне. Денеска ќе ставите крај на таа навика. Последните истражувања покажаа дека е можно да го научите новороденчето да разликува кога е ден, а кога е ноќ, пишува Parents.

Разбудете го малку порано и кренете ги ролетните. Природното светло им помага на бебињата да го направат својот циркадијален ритам, биолошки ритам во човечкиот организам со кој се ускладуваат дневно-ноќните функции на органите.

Втор ден – со вежба до совршенство

Важно е денеска да ја практикувате и надоградите вчерашната рутина. Доколку бебето и понатаму гладува во текот на ноќта – може да го нахраните, но со изгасено светло. Целта е на бебето да му покажете дека и понатаму е ноќ иако јаде.

Во текот на денот, може да му пеете и да разговарате со него.

Трет ден – почнува плачењето

Навечер, спуштето го вашето вашето бебе во креветчето додека уште е будно. Стручњаците велат дека ова е најважниот чекор. Дури иако заспие додека го доите, разбудете го за да види дека го спуштате во креветчето. Иако заплаче не паѓајте во агонија. На овој начин вашето бебе ќе се навикне дека кога го оставате во креветчето – време е за спиење.

Четврти ден – бидете истрајни

Претходната ноќ сигурно ви беше тешко да го слушате вашето бебе како плаче, но оваа ноќ ќе забележите напредок. Бебето нема да плаче многу и ќе заспие. Проверувајте го на секои 10 минути.

Ден петти – работите доаѓаат на место

Бебињата се навикнуваат помеѓу петтиот и третиот ден. Доколку бебето и понатаму плаче, набљудувајте го на секои 15 минути. Проверувањето на бебето служи за да се смират родителите, објаснуваат научниците. Доволно е да го ѕирнете бебето од вратата на детската соба за да видите што прави, но бебето не треба да ве забележи.

Шести ден – бебето ќе заспие цврсто

Ова е моментот кој го чекавте. Можеби ќе почувствувате потреба да го проверите бебето од време на време, но бидете опуштени. Облечете му пижами за да не мора да се грижите дали ќе се открие. Допуштете му на бебето да се научи на оваа рутина на спиење.

Ден седми – и вие спиете мирно

Не само што пронајдовте начин повторно да се наспиете во текот на ноќта, туку и на вашето бебе му подаривте нешто драгоцено. Добрите навики се еднакво значајни како и одржување на хигиената. Држете се до планот и вашето бебе ќе се навикне на оваа рутина.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе