Наука

Научни настани кои ја одбележаа 2018 година

14. јануари 2019 - 14:05 | Б.С.Б.

National Geographic ги одвои најзначајните настани од полето на науката во текот на 2018 година.

Зад нас е година со научни откритија кои не предизвикаа некоја голема медиумска еуфорија. Научниците и во 2018 година успеаја да ги премостат проблемите и да дојдат до неверојатни откритија во различни области, почнувајќи од антропологијата па сè до истражување на вселената.

Овие научни достигнувања предизвикаа најмногу интерес кај медиумите:

1. Првите клонирани мајмуни

Во Шангај, јануари 2018 година, за првпат беа претставени Зонг Зонг и Хуа Хуа, првите клонирани мајмуни.

2. Starman во вселената

На 6 февруари половина милиони гледачи во близина на вселенскиот центар Кенеди на Флорида беа сведоци на полетувањето на ракетата Falcon Heavy која полета со куклата Starman, отворајќи нова ера во истражување на вселената.

3. Смртта на Стивен Хокинг

На 14 март 2018 година почина славниот физичар, космолог, писател и философ Стивен Хокинг. Неговата смрт предизвика огромен интерес кај сите светски медиуми.

4. Пад на кинеската станица

На 2 април кинеската вселенска станица Tiangog-1 падна над Тихиот Океан. Поголем дел од станицата изгоре во атмосферата на Земјата.

5. Крвава месечина

На 27 јули во вечерните часови на небото со часови беше видлив неверојатен астрономски момент, целосно затемнување на Месечината.

6. ГМО бебиња

Во ноември еден кинески научник предизвика шок меѓу научниците откако објави дека се родени првите ГМО бебиња на кои тој извршил промена во гените, правејќи ги отпорни на ХИВ вирусот.

7. Insight на Марс

На 26 ноември роверот Insight успешно се спушти на Марс со цел да открие повеќе за минатото на Црвената планета.

Коментирај