Наука

Научни предвидувања: До 2030 се очекува драстично глобално затоплување

9. октомври 2018 - 13:45 | Б.С.Б.

Животот што го живееме ќе мора драстично да се промени за да ги спречиме најлошите климатски промени што се очекуваат до 2030 година.

Автомобилите кои ги возиме, храната што ја јадеме, дури и домашните миленичиња ќе мораме да ги преиспитаме во контекст на глобалното зголемување на температурите во следните 12 години. До 2030 година би требало радикално да го промениме нашиот стил на живеење пред да се достигнат високите температури.

Просечната температура на Земјата веќе порасна за еден степен Целзиусов откако индустриското производство доживеа прогрес. Според сегашните проекции, до 2030 година се очекува температурата да порасне за 1,5 степени, а до 2040 година дури за 3 степени.

Пред три години светските лидери се сретнаа во Париз за да ги разгледаат начините на одржување на глобалните температури на некое оптимално ниво. Меѓутоа, најновиот извештај за климата не е многу оптимистичен.

За да ја задржи планетата оптималната температура треба драстично да се промени емисијата на јаглерод диоксид за 45 проценти во споредба со нивото во 2010 година. Исто така треба употребата на фосилни горива максимално да се намали и тоа е голем предизвик, пишува SkyNews.

Најновиот извештај е напишан од 91 автори од 40 земји, а главните заклучоци се донесени според анализа на повеќе од 6.000 одделни студии за климата.

Коментирај