Наука

Научници креираа вештачки хормони за љубов, но тие нема да ви ги решат проблемите

6. декември 2017 - 15:49 | К.З.

Ако постои еден хормон кој луѓето го знаат по име, тоа е окситоцинот, кој е наречен и „хормонот за љубов“. Сега, научниците креираа вештачки окситоцин, но тој за жал нема да може да ви ги реши сите проблеми.

Научници креираа вештачка верзија на овој хормон, која трае дури и подолго од оригиналниот хормон.

Окситоцинот е одговорен за мајчинската љубов, доброто чувство кое го имате додека сте во врска и сето она што ви го грее срцето кога се чувствувате заљубени. Тој се лачи за време на доење и оргазми.

Научниците сметаат дека хормонот покажува ветува големи очекувања во борбата против социјалната анксиозност, аутизам и синдромот на подвоена личност. Бидејќи природниот окситоцин има негативни кардиоваскуларни ефекти од типот на забрзано чукање на срцето и покачен крвен притисок, тие го креираа вештачкиот хормон кој ги задржува сите позитивни влијанија, но не му влијае никако на срцето.

Вештачкиот окситоцин беше тестиран на стаорци, и ги покажа истите својства како и природниот, но беше забележано и дека стаорците кои беа подложени на примање ваков хормон чувствувале помалку страв од останатите.

Вештачкиот окситоцин може да ни помогне подобро да го разбереме начинот на кој нашето тело функционира, па дури и начинот на кој се вљубуваме во личности или предмети.

Но, тоа не значи дека окситоцинот, било да е тоа природен или вештачки, ќе ви ги реши проблемите. Сѐ што тој може да направи е да се чувстувате уште подобро ако претходно сте се чувстувале добро околу некоја работа. Не е чудотворен и не може да го спречи вашиот партнер доколку сака да ве изневери. Негативните ефекти кои се забележани кај природниот окситоцин велат дека луѓето кои вдишувале окситоцин станале полоши тимски играчи во друштвени игри. Исто така, овој хормон може да направи да не ги сакаме оние кои се различни од нас.

Сепак, работата на научниците ќе продолжи кон усовршување на овој хормон со цел да се искоренат негативните ефекти и, доколку може, тој да се употребува како помош или лек во некоја од горенаведените ситуации.

Коментирај