Научници од MIT предложија вселенски штит за „ладење“ на Земјата

Институтот за технологија во Масачусетс (MIT) предложи радикална метода на борбата против ефектите од климатските промени.

Тим истражувачи предлага користење на флота од „вселенски меури“ кои би ја рефлектирале сончевата светлина од Земјата. Колку и да е оваа идеја неверојатна факт е дека немаше да има потреба од неа ако луѓето драстично го намалија користењето на фосилни горива во минатото.

Додека некои научници предупредуваат дека геоинженерингот е опасно одвраќање на вниманието од вистинската работа потребна за намалување на емисиите, други велат дека мора да ги процениме сите опции, а меѓу нив се и вселенските меури на тимот на MIT.

Станува збор за нова форма на соларен геоинженериг дизајниран да ја рефлектира сончевата светлина од Земјата за да се олади планетата и се спречат најлошите ефекти од климатските промени. Најпроучуваната техника подразбира вбризгување рефлектирачки честички од аеросоли во горната атмосфера. Но, потенцијално негативното влијание на таквата метода уште не е целосно истражувано, што значи дека техниката е далеку од тоа да се смета за одржлива опција.

Пристапот на MIT би бил поинаков, наместо вбризгување честички во атмосферата на Земјата во овој случај сончевата топлина би се рефлектирала од вселената, а тоа би значело избегнување користење на потенцијално штетни честички во нашата атмосфера.

Научниците ја проучуваат можноста за позиционирање на штит направен од вселенски меури во релативно стабилна орбитална точка во вселената, каде гравитациското привлекување на Земјата и Сонцето е изедначено. Во таа точка е позициониран и вселенскиот телескоп James Webb.

Најголема препрека за оваа метода е логистиката. Тимот на MIT верува дека штитот мора да одговора на големината на Бразил, но научниците веруваат дека меурчињата би можеле да се произведуваат во вселената со што би се намалиле трошоците на лансирање.

Засега се спроведуваат лабораториски експерименти на меури направени од силициум. Научниците успеаја да направат меур од тенок слој и го одржуваат на температура од минус 50 степени.

Во случај штитот да има негативно влијание на планетата, научниците можат брзо да го отстранат.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Наука

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Read more

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Read more

Ретко суштество за кое малку се знае снимено на дното на морето

Read more

Свински бубрег првпат трансплантиран на човек, лекарите воодушевени

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе