Научници открија нов вид диносаурус сличен на T-rex

Тим научници од Аргентина тврди дека е откриен нов огромен диносаурус грабливец кој имал голема глава, а многу мали раце за својата големина, пренесе BBC.

Студијата е објавена во научното списание Current Biology и во неа се објавени големи остатоци од костур на непознат вид пронајден во северна Патагонија. Станува збор за Meraxes gigas долг 11 метри, со глава долга околу метар и 20 сантиметри, а раце долги само 60 сантиметри.

Научниците веруваат дека малите раце на овој грабливец му давале предност во преживувањето.

„Уверен сум дека овие пропорционални мали раце имале некоја функција, скелетот го покажува тоа, рацете имале силни мускули“, вели Хуан Канале, водач на студијата.

Според истражувачот Петар Маковицки, рацете на диносаурусот биле двојно пократки од должината на неговиот череп и со рацете буквално не можел да ја дофати устата.

„Можеби рацете се користеле за репродуктивно однесување како што е држење на женката во текот на парење или поддржување за да се исправи по пад или одмор“, Хуан ја објасни можната улога на рацете.

Meraxes gigas името го доби по име на змеј од серијалот книги Game of Thrones. Се верува дека ова животно тешко 4 тони шетале по земјата пред 90 до 100 милиони години.

URL
Тагови
реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе