Научници оживеаја активност во човечко око после смрт

Најново истражување потврди дека е можно да се врати активноста на клетките во човечкото око неколку часа по смртта - што сугерира дека наскоро ќе можеме да се справиме со неповратната природа на смртта на централниот нервен систем.

За подобро да се разбере начинот на кој нервните клетки реагираат на недостаток на кислород, тим американски истражувачи ја измериле активноста на клетките на мрежницата (или ретина) кај глувци и луѓе веднаш по нивната смрт.

Стимулирана од светлина, мрежницата се покажа дека емитува специфични електрични сигнали, познати како б-бранови. На овој начин клетките успеале да комуницираат и до неколку часа по смртта.

Ова е прв пат очите на починатите донатори (луѓе) да реагираат на светлина на ваков начин, а некои експерти ја доведуваат во прашање „неповратната природа“ на смртта на централниот нервен систем.

„Успеавме да ги разбудиме фоторецепторните клетки во жолтата дамка, која е дел од мрежницата и е одговорна за централната визија и способноста на луѓето да гледаат фини детали и бои“, објаснува биомедицинскиот научник Фатима Абас од Универзитетот во Јута.

„Клетките во очите, кои беа добиени пет часа по смртта на донаторот, реагираа на силна светлина, обоени светла, па дури и многу слаби блесоци на светлина“, додаде таа.

Како функционира нашето тело по смртта?

Некои органи може да се зачуваат за трансплантација веднаш по смртта. Но, кога циркулацијата ќе престане, централниот нервен систем како целина престанува да реагира, а органите престануваат да бидат погодни за каква било форма на долгорочно закрепнување.

Сепак, не сите видови неврони се распаѓаат со иста брзина. Различни региони и различни типови на клетки имаат различни механизми за преживување, што го прави целото прашање на мозочната смрт многу покомплицирано.

Новите сознанија за тоа како избраните ткива во нервниот систем се справуваат со загубата на кислород може да нè научат на нови работи за враќање на изгубените функции на мозокот.

Научниците од Универзитетот Јеил се најдоа на насловните страници во 2018 година кога мозок на свиња одржаа во живот 36 часа по смртта.

Тоа го постигнаа со запирање на брзата деградација на невроните, користејќи вештачка крв, греалки и пумпи за да ја вратат циркулацијата на кислород и хранливи материи.

Слична техника сега е можна кај глувци и човечки очи

Со враќање на кислородот и некои хранливи материи во очите на донаторите на органи, истражувачите од Универзитетот во Јута успеаја да иницираат синхрона активност меѓу невроните по смртта.

„Успеавме да направиме клетките на мрежницата да комуницираат едни со други, онака како што тоа го прават во очите на живиот човек“, вели Франс Винберг, научник од Универзитетот во Јута.

Експериментите покажаа дека клетките на мрежницата првично продолжуваат да реагираат на светлина. Ова трае до 5 часа по смртта. Сепак, клучните меѓуклеточни сигнали од б-брановите брзо исчезнуваат, очигледно поради загубата на кислород.

Дури и кога ткивото на мрежницата било внимателно заштитено од недостаток на кислород, истражувачите не биле во можност целосно да ги обноват овие б-бранови.

Можеме ли да ја победиме мозочната смрт?

Според некои дефиниции, „мозочна смрт“ е губење на синхроната активност меѓу невроните. Ако ја прифатиме оваа дефиниција, тогаш човечките мрежници не биле целосно мртви.

„Бидејќи мрежницата е дел од централниот нервен систем, обновувањето на б-брановите во оваа студија го покренува прашањето дали мозочната смрт е навистина неповратна“, пишуваат авторите.

Доколку специјализираните неврони, познати како фоторецептори, можат да оживеат до одреден степен, тогаш тоа ги зголемува надежите за идни трансплантации кои би можеле да помогнат во обновувањето на видот кај луѓето со очни болести.

Тој ден, тврдат научниците, е сè уште далеку. Трансплантацијата на донаторски клетки и делови на мрежница треба некако беспрекорно да се интегрира во постојните ретинални кола, предизвик што научниците веќе се обидуваат да го решат.

Во меѓувреме, очите на донаторот и животинските модели ќе треба да ја завршат работата, а тестирањето за б-брановите може да биде добар начин да се утврди дали трансплантацијата на жолта дамка е одржлива или не.

Истражувањето е објавено во списанието Nature.

Тагови
реклама

Како изгледа балканско семејство на плажа?

Read more

Украинки продадоа разголени фотографии за 800.000 долари за помош на својот народ

Read more

Јаглехидрат што најдобро помага за топење на салото на стомакот

Read more

Со ракета погоден преполн шопинг-центар во градот Кременчук, има жртви

Read more

Наука

Човечката крв можеби потекнува од засега непознат извор, тврдат научниците

Read more

Должината на денот осцилира на секои шест години. Сега конечно знаеме зошто

Read more

Што е хетерохромија и како се добива?

Read more

Астрономите открија невообичаено голема и светла црна дупка

Read more
 

Гик

  • filter

Копачи на злато откопаа совршено сочуван мамут стар 30.000 години

Читај повеќе

Научниците конечно го видоа јадрото на Јупитер: „Јадел“ планети

Читај повеќе

Michelin од стари гуми прави каивчиња за специјален часовник

Читај повеќе

Познат изгледот и спецификациите на Asus ROG Phone 6

Читај повеќе

Откриена најголемата бактерија на светот, видлива е со голо око

Читај повеќе

Месечината на Плутон има мистериозна црвена дамка, сега знаеме зошто

Читај повеќе
  • filter

7 сурови начини на мачење од Средниот век

Читај повеќе

Гробница од времето на Инките откриена во централна Лима

Читај повеќе

Човечката крв можеби потекнува од засега непознат извор, тврдат научниците

Читај повеќе