Научници пронајдоа сирење старо 3.600 години, било ставено околу вратот на кинеска мумија

Научници го открија најстарото парче сирење на светот – го пронајдоа околу вратот на мумија во Кина.

Ковчегот стар 3.600 години бил отворен на гробиштата Шаохе во Шинџиан, Кина за време на ископувањето во 2003 година, каде што над вратот на мумифицираната млада жена бил поставен предмет што изгледал како накит.

И покрај тоа што изгледал како парче накит во тоа време, научниците сега велат дека го идентификувале примерокот како најстарото парче сирење во светот, пренесува Sky News.

„Обичното сирење е меко. Ова не е. Сега стана суво и тврдо“, изјави за NBC News Шаомеи Фу, палеогенетичар од Кинеската академија на науките во Пекинг. Таа објасни дека кога бил ексхумиран ковчегот на жената, било откриено дека сирењето е добро зачувано поради сувата клима во пустината Тарим Басен.

Иако производството на сирење одамна е опишано во историјата, истражувачите во студијата објавена во списанието Cell напишале дека „историјата на ферментирани млечни производи во голема мера е изгубена во антиката“.

„Овие примероци од сирење стари 3.500 години се меѓу ретките остатоци од млечни производи кои се зачувани повеќе од 3.000 години“. Зборувајќи за NBC News, Фу рече дека таа и нејзиниот тим земале примероци од 3 гробници на гробиштата Шаохе и ја обработувале ДНК-та за да ја следат еволуцијата на бактеријата во текот на илјадници години.

Тие рекоа дека примероците покажале дека се работи за кефир направен со ферментирање на млеко со користење на зрна кефир, а има и докази за употреба на козјо и кравјо млеко.

Истражувањето покажа дека популациите од бронзеното време, како и луѓето од Шаохе, за кои се знаело дека се генетски нетолерантни на лактоза, консумирале млечни производи пред ерата на пастеризација и ладење.

„Овие примероци од кефирско сирење стари 3.500 години се меѓу ретките остатоци од млечни производи зачувани повеќе од 3.000 години, произведени од популацијата Шаохе од бронзеното време – популација со мешани животни стилови и техники“, велат научниците.

NBC ја праша Фу дали сирењето може да се јаде и дали ќе го проба, на што таа одговори „нема шанси“.

реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Барселона заработи милијарда евра, паднаа одлуки за Јамал и Вилијамс

Read more

Вести

Мајмуните во Панама киднапираат бебиња од други видови

Read more

Италијанците создадоа вештачки остров што фаќа досадни инсекти

Read more

Nvidia го лансира најголемиот суперкомпјутер во светот

Read more

TikTok воведува голема промена за децата што скролаат по 22 часот

Read more
 

Гик

Мајмуните во Панама киднапираат бебиња од други видови

Читај повеќе
  • play_arrow

Не сите ја чекаат GTA 6: Извршниот директор на компанијата нема да ја игра

Читај повеќе
  • play_arrow

Италијанците создадоа вештачки остров што фаќа досадни инсекти

Читај повеќе

Дали GTA 6 ќе биде „изгор“ скапа?

Читај повеќе
  • play_arrow

Nvidia го лансира најголемиот суперкомпјутер во светот

Читај повеќе

Десктоп режимот доаѓа на Android

Читај повеќе

TikTok воведува голема промена за децата што скролаат по 22 часот

Читај повеќе
  • play_arrow

Кина почна да гради суперкомпјутер во вселената

Читај повеќе

Qualcomm го претстави Snapdragon 7 Gen 4: AI и гејминг моќ за телефони од средна класа

Читај повеќе