Научници развија камера-таблета за дијагностицирање на дигестивни проблеми

Минијатурната капсула NaviCam може да направи револуција во дијагнозата на проблеми со дигестивниот тракт.

Ендоскопите со капсули што може да се проголтаат, кои овозможуваат снимање видео, постојат веќе подолго време, но тие се строго ограничени и не можат да бидат контролирани од лекарите, бидејќи целосно се потпираат на гравитацијата и на дигестивниот систем за да ги придвижат. Сепак, се чини дека научниците го надминаа ова ограничување со развивање на капсула во облик на таблета која овозможува далечинско управување.

Оваа технологија им овозможува на лекарите буквално да „возат“ минијатурна видео-капсула наречена NaviCam низ дигестивниот систем за да ги визуелизираат и фотографираат потенцијалните проблематични области. Ова претставува потенцијална алтернатива на традиционалната ендоскопија. За поместување на капсулата се користи надворешен магнет, како и џојстици како оние што се користат за играње игрици.

„Традиционалната ендоскопија е инвазивна процедура за пациентите, но и скапа поради потребата од анестезија и отсуство од работа. Капсулите со магнетна контрола може да се користат како брз и лесен начин за откривање здравствени проблеми во горниот дел на гастроинтестиналниот тракт, како што се чиреви или рак на желудникот“, рече професорот Ендрју Мелцер.

Оваа технологија сѐ уште е во фаза на тестирање, но досегашните резултати се позитивни. Мелцер и неговите колеги од компанијата за медицинска технологија AnX Robotica спроведоа студија во која учествуваа 40 луѓе и открија дека лекарите можат прецизно да ја контролираат капсулата на сите главни делови на желудникот со стапка на успех на визуелизација од 95%. Овие пациенти исто така биле подложени на традиционална ендоскопија за да се потврди дека камерата не „пропуштила“ ниту една високоризична лезија.

Камерата може да открие крварење, воспаление и лезии и може автоматски да пренесува видео и фотографии надвор од локацијата за понатамошен преглед. Истражувањата покажаа дека користењето на капсулата не претставува ризик по здравјето, иако технологијата не дозволува биопсија бидејќи се распаѓа во телото. Научниците нагласија дека програмата за тестирање е сè уште во рана фаза и дека „поголемото тестирање на пациенти“ допрва доаѓа.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе