Научници од Sinai Health и Универзитетот во Торонто велат дека новиот лек е дизајниран да го блокира ензимот неопходен за опстанок на специфични клетки на канцер и ветува во сузбивањето на растот на туморот.

Претклиничките наоди се објавени во Nature, а го опишуваат новиот лек дизајниран со CRISPR-Cas9 технологија за уредување гени во лабораторијата на Sinai Health.
Истражувачите идентификувале есенцијални гени за одржливост на клетките на рак на засилени CCNE1, карактеристични за некои тешки форми за лекување како карцином на јајници, ендометриум и мочен меур.
Откриено е дека ензимот PKMIT1 е неопходен во клетките засилени со CCNE1, но не и во здравите клетки. Во соработка со компанијата за прецизна онкологија Repare Therapeutics, тимот развил лек наречен RP-6306 кој ја блокира активноста на PKMIT1 и ефикасно ги убива клетките на рак.
„Овие клетки зависат од ензимот PKMIT1 за да преживеат“, вели Даниел Дурочер, научник кој е дел од лабораторијата каде се вршеле испитувањата. „Нашите резултати ветуваат многу во способноста на лекот RP-6306 чија цел е овој вид тумор“.
Засега, туморите со CCNE1 аплификација имаат малку тераписки опции. Според Дејвид Гало, научник од Repare Therapeutics, лекот RP-6306 е моќен и селективен за орална употреба кај луѓето.