Научници сакаат да го „оживеат“ изумрениот тасмански тигар

Научници од Австралија и од САД ќе бидат дел од многу скап проект чија цел е „оживување“ на изумрениот тасмански тигар. Тие веруваат дека можат да го добијат првото живо младенче во следната деценија.

Тасманскиот тигар целосно исчезнал во 20 век. Последната позната единка угинала во 1936 година во Зоолошката градина „Бомарис“ во Хобарт во австралиската островска сојузна држава Тасманија. Животното наликувало на куче, со тело долго околу еден метар, со сиво-кафена боја и 12 до 14 црни попречни ленти на грбот. Женката раѓала 2 до 4 младенчиња. Животните живееле во Австралија, Тасманија и Нова Гвинеја.

Ендрју Паск од Универзитетот во Мелбурн изјави дека најавеното партнерство ќе им овозможи на научниците „големи чекори кон зачувување на загрозените торбари во Австралија и преземање голем предизвик“ за враќање на изумрените видови. Напорите ќе бидат потпомогнати и од работата да се идентификуваат торбари со слична ДНК, со цел да се добијат живи клетки.

„Со ова партнерство, сега верувам дека за 10 години би можеле да го добиеме нашето прво живо бебе од видот тасмански тигар, којшто луѓето го ловеле додека не бил истребен пред речиси 100 години“, рече Паск.

Ако научниците успеат во намерата, тоа ќе биде прво враќање на некој изумрен вид животни.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Вести

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Read more

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Read more

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Read more

Нови докази за мајката на Да Винчи - била робинка од Источна Европа?

Read more
 

Гик

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Читај повеќе

Среќен роденден Twitter: Што пишува во првиот твит објавен пред точно 17 години?

Читај повеќе

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Читај повеќе

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Читај повеќе

Како најдобро да се заштитите кога купувате онлајн?

Читај повеќе

Нови докази за мајката на Да Винчи - била робинка од Источна Европа?

Читај повеќе

На Земјата ѝ се заканува фосфогедон - што е тоа?

Читај повеќе

Што може да направи Xbox Series X, а PlayStation 5 не може?

Читај повеќе