Научници успеаја да одгледаат растенија на почва донесена од Месечината

Научниците докажаа дека почвата на Месечината може да овозможи одгледување билки.

Во склоп на експеримент спроведен од истражувачи на Универзитетот во Флорида користени се 12 примероци од површината на Месечината, собрани во текот на мисиите Аполо.

Станува збор за Аполо мисиите 11, 12 и 17 во период меѓу 1969 и 1972 година. Покрај лунарните, научниците користеле и 16 примероци од вулкански пепел собрани на Земјата, а потоа го споредиле растот на билките во двата примероци.

Примероците ги проучуваме повеќе од една година и внимателно ги следеле растот и генетскиот состав на билките растени во површините. Резултатите се прилично интересни, но исто така откриле колку е стресно за растенијата да растат на почва поразлична од природните живеалишта на Земјата.

Според научниците, растенијата помогнаа да се утврди дека примероците на почва од Месечината не содржат патогени или други непознати компоненти, штетни за копнениот живот. Заклучокот на истражувањето е дека може да се одгледуваат билки на почва од Месечината, но во споредба со вулканската пепел, лунарната почва многу помалку го поддржува растот на билките особено ако таа почва била изложена на површината на Месечината.

Лунарната површина често страда од соларни ветрови со различен вид космичко зрачење, а кои нанесуваат штета на почвата така што за билките е погодна површина која е помалку изложена на надворешното опкружување на Месечината.

Најголемиот заклучок на овој експеримент е тоа што научниците сепак успеаја да одгледаат растенија со помош на почва земена од Месечината. Понатамошните истражувања ќе покажат кои билки можат ефикасно да бидат одгледани  и како растенијата од Земјата стапуваат во интеракција со почвата од Месечината.

Тагови
реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

Која храна докажано го намалува нивото на холестерол?

Read more

Наука

Што ќе се случи ако ја снема Месечината?

Read more

Најголемите езера во светот драстично се намалуваат

Read more

Опаѓа бројот на речиси половина од животинските видови во светот

Read more

Дали месото одгледано во лабораторија е полошо за климата отколку говедското месо?

Read more
 

Гик

Кои телефони зрачат најмногу, а кои најмалку?

Читај повеќе

Honda претстави авион со луксузна кабина и систем за автоматско слетување

Читај повеќе

Запознајте го најопасниот USB кабел

Читај повеќе

Како да проверите дали некој ви ја „хакнал“ лозинката?

Читај повеќе

Со УВ светло откриле скриено поглавје во Евангелието по Матеј

Читај повеќе

Кина првпат испраќа цивилен астронаут во вселената

Читај повеќе

Нови детали за телефонот кој треба да биде конкуренција на iPhone

Читај повеќе

Јапонија планира да пренесува соларна енергија од вселената на Земјата

Читај повеќе

Париз предупреден: Денеска ќе „наврне“ 40 килограми пластика

Читај повеќе