Сондата Parker на НАСА ја заврши првата средба со Сонцето, влегувајќи во неговата атмосфера, а сега кружи околу ѕвездата. Како резултат од тој прелет добиена е првата фотографија која го прикажува струењето на короната.
Во позадина може да се види и Јупитер, светлата точка во близина на средина на сликата.
„Научниците го чекаат овој момент 60 години“, изјави Николас Фокс, шеф на Одделот за хелиофизика на НАСА. „Мистеријата на Сонцето која сакаме да ја разоткриеме се наоѓа во внатрешноста на короната“, додава тој.
„Сондата Паркер ќе достави мерења неопходни за разбирање на Сончевите феномени“, вели Нур Рауфи, член на тимот кој работи на проектот Parker.
Вториот прелет е предвиден за април, 2019 година, а мисијата на сондата ќе трае до 2025 година.