Научниците гласаа, престапната секунда се укинува

По 50 години употреба, научниците се согласија дека практикувањето на престапната секунда не може да продолжи со сегашниот систем.

Веројатно знаете за престапна година, односно годината во која февруари трае еден ден повеќе, но дали сте знаеле дека има и престапна секунда?

Воведена во 1972 година, престапната секунда е обид да се прилагоди координирано универзално време поради несовпаѓање помеѓу атомското и соларното време. Правилото со кое додаваме еден ден во февруари е многу едноставно - ако годината е делива со 4, таа е престапна (исклучок се годините деливи со 100, но не и со 400). Меѓутоа, поради мали нарушувања во ротацијата на Земјата, додавањето на престапна секунда не следи јасно правило, туку за тоа одлучува Меѓународната служба за ротација и референтни системи (IERS), која тоа го прави шест месеци однапред.

Токму поради ваквата определба на престапната секунда, таа со децении беше кошмар за технолошките компании. На пример, во 2012 година, страницата Reddit падна 40 минути кога една престапна секунда ги поремети нивните сервери, а во 2017 година, компанијата Cloudflare ја обвини престапната секунда за рушење на нивниот DNS сервис. На почетокот на годинава, компанијата Meta на својот блог повика да се прекине оваа практика.

Сепак, на задоволство на многумина во технолошката индустрија, токму тоа ќе се случи, бидејќи глобалната комисија составена од научници и владини претставници гласаше за укинување на престапната секунда. На состанокот во Версај, Меѓународното биро за тегови и мерки речиси едногласно гласаше за Резолуцијата Д, во која беше предложено да се запре практиката на престапна секунда од 2035 до 2135 година, надевајќи се дека научниците ќе можат да осмислат подобар систем за синхронизирање на времето.

реклама

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Вести

Свиркачи: ЦИА има заловено најмалку 9 НЛО-а, некои неоштетени

Read more

Топ 4 најсмртоносни растенија во светот

Read more

„Пензионирањето“ на Меѓународната вселенска станица ќе чини милијарда долари

Read more

10 занимливости за Наполеон што веројатно не ги знаете

Read more
 

Гик

Свиркачи: ЦИА има заловено најмалку 9 НЛО-а, некои неоштетени

Читај повеќе

Топ 4 најсмртоносни растенија во светот

Читај повеќе

„Пензионирањето“ на Меѓународната вселенска станица ќе чини милијарда долари

Читај повеќе

Google в петок ги брише сите стари кориснички сметки

Читај повеќе

10 занимливости за Наполеон што веројатно не ги знаете

Читај повеќе

Метеж во орбитата на Земјата - на повидок сообраќајни правила и во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Кина гради подводен дата центар со моќност од шест милиони компјутери

Читај повеќе

Не биле дивјаци, туку како нас: 5 откритија што го објаснуваат животот на неандерталците

Читај повеќе

Новогодишна понуда на Телеком за вистинско поврзување

Читај повеќе