Научниците го открија најстарото животно на Земјата

Се работи за животно со овален облик кое е старо околу 558 милиони години, и кое има површински сличности со медузата која и денес постои. Ова е најстарото животно досега откриено, а научниците го нарекоа Dickinsonia.

Научниците пронајдоа остатоци од животното, познато како Dickinsonia, кои беа толку зачувани што уште содржеа молекули од холестерол.

Холестеролот е знак на животинско потекло, пишува екипата за магазинот Science. Dickinsonia припаѓа на група животни наречена Ediacaran biota. Тие се првите сложени мултиклеточни организми кои се појавиле на Земјата. Досега беше многу тешко да се класифицираат и нивната позиција на дрвото на животот беше една од најголемите мистерии во палеонтологијата.

Различни научници ги класифицираа како лишаи, фунги, протозоани и како меѓу-скалило помеѓу растенија и животни. Новата анализа на примерокот пронајден во северозападна Русија ја сместува Dickinsonia во животинското царство.

„Научниците со години се обидуваа да откријат од какво потекло е настанат фосилот Dickinsonia, а новиот примерок ја реши таа дилема – тој доаѓа од животинско потекло. Со ова откритие го најдовме Светиот грал на палеонтологијата“, вели доктор Јохен Брокс, ко-автор на истражувањето.

Видот Ediacaran biota се појавил пред 600 милиони години и опстојувал на Земјата десетици милиони години, пред да се случи Камбријанската ексползија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе