Научниците имаат сѐ повеќе докази дека изворот на SARS-CoV-2 е надвор од Кина

Научниците кои се обидуваат да го утврдат потеклото на вирусот што го предизвикува COVID-19 велат дека има сѐ повеќе докази кои укажуваат на тоа дека истрагата треба да се прошири и надвор од Кина.

По првиот потврден случај на COVID-19, што кинескиот град Вухан го стави во центарот на светската јавност во декември 2019 година, истражувачите кои се обидоа да откријат како и од каде потекнува вирусот што го предизвикува потенцијално смртоносното заболување, се концентрираа на Кина.

Најблискиот познат роднина на патогенот, со идентичен геном од 96 проценти, е другата форма на коронавирусот што беше откриена на почетокот на 2020 година во јужната кинеска провинција Јунан.

Неколку неодамнешни истражувања, меѓутоа, открија неколку вируси кои се речиси слични на SARS-CoV-2 како оној од Јунан, но појужно, во Камбоџа и Тајланд, пишува Voice of America.

Вирусолозите од неодамнешната мисија во Вухан, испратена од Светската здравствена организација да го испитаат потеклото на COVID-19, исто така, веруваат дека во следната фаза на ова истражување, Југоисточна Азија треба да се додаде во областа на интерес.

Нивниот совет е да се следат лилјаците. Некои видови на овие летечки цицачи се добро познати резервоари на формите од семејството на коронавируси и водечки кандидати како извор на SARS-CoV-2.

Научниците веќе идентификуваа повеќе од 100 форми на коронавирус поврзани со SARS низ Кина, вели Питер Дазак, еден од вирусолозите вклучени во мисијата во Кина.

– Сепак, ние не направивме доволно истражување во Мјанмар, Лаос и Виетнам за навистина да кажеме дека нема уште повеќе во тие земји, рече Дазак за Voice of America.

– Кога обележувате на картата каде живеат лилјаците кои ги пренесуваат овие вируси, тогаш почнувате да забележувате дека во оние земји на јужната кинеска граница има уште повеќе видови лилјаци, а веројатно и повеќе видови вируси. Значи, постои можност дека вирусот потекнува од провинцијата Јунан, но мојата најдобра проценка е дека треба да ги испитаме Мјанмар, Лаос, Виетнам и уште појужно - целиот регион на Југоисточна Азија како потенцијално жариште, рече Дазак.

Кина одби да обезбеди оригинални податоци за најраните пациенти со COVID-19.

– Дури и без тоа, додава Дазак, кинеските научници и делегацијата на СЗО се согласија дека патот по кој SARS-CoV-2 најверојатно стигнал до луѓето е од лилјаците преку некој вид одгледувано диво животно, кое служело како пренесувач.

На почетокот на минатата година, научници од Кина и Австралија објавија дека пронајдоа вируси повеќе од 90 проценти идентични со SARS-CoV-2 во малајските панголини (лушпести мравојадци) – што може да биде потенцијален вектор затоа што луѓето ги ловат за нивните  лушпи и месо. Овие панголини се шверцуваат во јужна Кина од Југоисточна Азија.

Неколку месеци подоцна, научниците ги открија предците на вирусот SARS-CoV-2 во лилјаците потковичари, кои се собрани во Камбоџа и биле замрзнати повеќе од една деценија. Во нивните извештаи, тие наведоа дека откритието „сугерира дека вирусите поврзани со SARS-CoV-2 живеат на многу поголема географска област отколку што се сметаше претходно и дека Југоисточна Азија е клучна област што треба да се разгледа при барање на потеклото на SARS-CoV-2, што сѐ уште трае“.

Тагови
реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе