Научниците измислија заштитни ракавици што се распаѓаат за неколку недели

Со зголемувањето на климатските промени и другите еколошки проблеми, истражувачите и екологистите бараат решенија за да се запре уништувањето на нашата планета.

Така, дојдоа до идеја да направат биоразградливи заштитни ракавици.

Научниците, лекарите и компаниите користат три милиони тони заштитни ракавици од латекс секоја година, а поради пандемијата на коронавирусот, тој број постојано се зголемува. Повеќето заштитни ракавици се изработени од синтетика и завршуваат на депонија, каде што се распаѓаат 100 години.

Научниците од универзитетот Кранфилд во Бедфордшир развија нов вид природен латекс кој може да се распадне за неколку недели и исто така е многу подобар за околината.

Досега се користеше синтетички латекс направен од петролеум кој се распаѓа за приближно 100 години. Ова е природен латекс направен од гумено дрво што се распаѓа за само неколку години. Тоа е нов вид латекс што научниците го произведуваат во лабораторија и велат дека овој вид латекс може да се распадне за само неколку недели.

Овие заштитни ракавици исто така и побрзо ќе се произведуваат, со што ќе се намали и количеството на испуштен јаглерод диоксид.

Проектот е финансиран од медицинска компанија која започна со производство на вакви ракавици во Малезија. Тие се надеваат дека следната година ќе отворат фабрика за производство во Англија, пишува BBC.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Вести

Кинескиот ракетен мотор тежок 130 тони собори рекорди за време на тестирањето

Read more

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Read more

8 фасцинантни факти за октоподите

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more
 

Гик

Кинескиот ракетен мотор тежок 130 тони собори рекорди за време на тестирањето

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА: Упс!

Читај повеќе

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Читај повеќе

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Читај повеќе
  • filter

8 фасцинантни факти за октоподите

Читај повеќе
  • play_arrow

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Читај повеќе

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Читај повеќе
  • filter

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Читај повеќе