Научниците на пат да откријат таблета која ублажува алергија на кикирики

Докторите се на пат да откријат таблета која помага при ублажување на алергија на кикирики, а научниците истакнале дека овој лек ќе ги промени животите на сите луѓе кои се соочуваат со овој здравствен проблем.

Според истражувањата, од сите алергии на храна кикирики се издвојува како еден од најголемите алергени, а процентот на лица кои ја имаат оваа алергија тројно се зголемил од 1997 година.

Меѓутоа, нови медицински истражувања покажуваат ветувачки резултати меѓу оние кои се тестирани, а се однесуваат на можно излекување од алергијата на кикирики.

Биотехнолошката компанија „Aimmune Therapeutics“, во САД извршила клиничко испитување во кое докторите создале таблети, во кои се наоѓало кикирики брашно со посебна формула и им биле давани на деца и тинејџери.

На крајот на годината било утврдено дека речиси 67 отсто од 500 испитаници можеле да толерираат 660 милиграма протеини од кикирики.

Меѓутоа, тоа не значи дека секое лице дома може да купи брашно од кикирики и да се тестира на алергии, затоа што и во текот на контролираното испитување доаѓало до различни реакции на кикирики кај поединечни деца, кои најчесто се забележувале на лицето.

Од резултатите е видливо дека табелата нема да им „дозволи“ на лицата кои се алергични без размислување да консумираат путер од кикирики и други производи кои содржат кикирики во големи проценти.

Меѓутоа, ќе помогне при намалување на опасностите кои кикирики може да ги предизвика кај луѓето, а при тоа се мисли на смртните последици кои не се занемарливи.

Од компанијата „Aimmune Therapeutics“ очекуваат до крајот на оваа година да биде докажано дека овие таблети се безбедни за користење, па така според зборовите на извршниот директор на компанијата, тие таблети би чинеле меѓу пет и десет илјади долари за првите шест месеци од лекувањето, а потоа пациентите би плаќале 400 долари месечно.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Здравје

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Гинеколошки симптоми кои не треба да ги игнорирате

Read more

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Читај повеќе

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Читај повеќе