Научниците открија каде може да има вонземјани кои ја набљудуваат Земјата

Анализа на ѕвездени системи покажа дека на 325 светлосни години оддалечени од Земјата 1.715 од нив биле во директна положба за набљудување на нашата планета, пишува New Scientist.

Вонземјани од 75 најблиски соларни системи ви можеле да ги детектираат радиобрановите кои постојано ги праќаме во вселената. Повеќе од 100 години постојано испраќаме радиосигнали. Некои од нив се премногу слаби за да се разберат на поголема оддалеченост, но некои како радиобрановите се доволно силни за да доловат внимание на некој вонземски вид, пишува National Geographic.

Најлесниот начин на забележување на некоја планета вон Сончевиот систем е детекција на нејзиното минување меѓу нас и неговата ѕвезда, кога блокира дел од нејзината светлина.

Астрономката Лиза Калтенегер од Универзитетот Корнел во Њујорк и астрофизичарката Џеки Ферти од Американскиот природно-научен музеј во Њујорк ги анализираа податоците од вселенскиот телескоп Gaia за положбата и движењето на блиските ѕвезди за да откријат од кои од нив би можело да нè набљудува некоја друга цивилизација.

Пронајдоа 1.402 ѕвезди кои моментално се наоѓаат во вистинската положба за набљудување на минувањето на Земјата пред Сонцето, кога тоа се гледа од нивна перспектива. Плус 313 кои биле во таква положба во минатото и 319 коишто ќе бидат во иднина.

75 од овие системи исто така се доволно блиску за да откријат радиобранови коишто сме ги испратиле во Земјата во последните 100 години.

Remote video URL

Научниците проценуваат дека во орбитата на тие 1.715 ѕвезди би можело да има повеќе од 500 карпести планети кои орбитираат во зоната Goldilocks, каде што е можен животот каков што го познаваме. Некои од тие планети од зоната ни се познати од претходно. На пример, хипотетски жителите на соларниот систем TRAPIST-1, во кој се наоѓаат седум планети со големина на Земјата, ќе можат од 3663 до 6034 година да ја набљудуваат Земјата.

„Вреди дополнително да ги проучуваме овие светови бидејќи знаеме дека некој од нив би можел да нè набљудува. Кој би имал најмногу причини да ни испрати сигнал? Оние коишто можат да нè пронајдат“, вели Калтенегер.

Со неа се сложува и астрофизичарот Рене Хелер.

„Овие новооткриени ѕвезди би требало да бидат главна цел на нашата SETI програма бидејќи од неа би можело да дојдат свесно испратени меѓуѕвездени пораки“, смета Хелер.

Истражувањето „Past, present and the future stars that can see Earth as a transiting exoplanet“ е објавено во Nature.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе