Научниците оживеаја „зомби вирус“ стар 48.500 години

Зголемувањетона температурите на Арктикот го топат вечниот мраз, трајно замрзнатото тло во регионот, кое може да ослободи вируси кои, откако биле во мирување десетици илјади години, би можеле да го загрозат здравјето на животните и луѓето.

„Со вечниот мраз се случуваат многу работи што се загрижувачки, а тоа навистина покажува зошто е толку важно да се зачува“, вели Кимберли Минер, климатолог во институтот на НАСА Jet Propulsion Laboratory.

Вечниот мраз (пермафрост) покрива една петтина од северната хемисфера. Служи како еден вид временска капсула, која ги зачувува (покрај древните вируси) мумифицираните остатоци од бројни изумрени животни кои научниците успеале да ги откопаат и проучат во последните години. Овој вечен мраз е добар медиум за складирање не само затоа што е ладен, туку и затоа што е средина без кислород низ која не може да навлезе светлина.

Но, сега, поради глобалното затоплување, температурите на Арктикот се зголемуваат до четирипати побрзо од остатокот од светот, со што се топи горниот слој на вечниот мраз. За подобро разбирање на ризиците од овие замрзнати вируси, микробиологот Жан-Мишел Клаверие од Универзитетот во Екс-Марсеј во Франција тестираше примероци од почвата од сибирскиот вечен мраз за да види дали вирусот е присутен и дали сè уште е заразен.

„Зомби вируси“

Тој тргнал во потрага по „зомби вируси“, како што ги нарекува, и успеал да ги пронајде. Имено, Клавери проучува одреден тип на вирус кој првпат го открил во 2003 година. Станува збор за џиновски вируси кои се многу поголеми од нормалните и може да се видат и проучуваат со обичен светлосен микроскоп, односно не бараат помоќен електронски микроскоп.

Во 2014 година, тој успеа да оживее вирус што тој и неговиот тим го изолираа од вечниот мраз. Тие го вметнале во култивирани клетки и го направиле заразен за прв пат по 30.000 години. За да биде безбеден, Клавери одлучи да проучува вирус кој ги напаѓа само едноклеточните амеби, а не животните или луѓето.

Тој го повтори подвигот во 2015 година, изолирајќи различен тип на вирус кој исто така ги таргетира амебите. И во најновото истражување, тој изолирал неколку видови на античкиот вирус од повеќе примероци од вечниот мраз земени од седум различни локации низ Сибир и открил дека секој од нив може да зарази клетки на амеба.

Најстариот вид е стар речиси 48.500 години, а Клавери и неговите колеги го пронајдоа во примерок од почва земен од подземно езеро кое се наоѓа на 6 метри под површината. Најмладите примероци, пронајдени во стомачната содржина на остатоците од волнен мамут, биле стари 27.000 години.

Уште се заразни

„Фактот дека вирусите што ги инфицираат амебите уште се заразни по сето ова време, укажува на потенцијално поголем проблем. Вирусите што ги инфицираат амебите се еден вид сурогати за сите други вируси што би можеле да се наоѓаат во вечниот мраз“, изјави Клавери за CNN.

„Видовме траги од многу, многу други вируси. Знаеме дека се таму. Не знаеме со сигурност дали се уште живи. Но, ако вирусите на амеба се сè уште живи и заразни, нема причина зошто и други вируси не би биле“, додаде тој.

Всушност, експертите пронајдоа траги од вируси и бактерии во вечниот мраз кои може да заразат луѓе. Геномски материјал од сојот на грип одговорен за пандемијата од 1918 година беше пронајден во примерок од бели дробови од женско тело ексхумирано во 1997 година од вечниот мраз во едно село во Алјаска.

Дополнително, во 2012 година, научниците потврдија дека 300-годишните мумифицирани останки на жена закопана во Сибир содржат генетски потписи на вирусот што предизвикува сипаници. Избувнувањето на антракс во Сибир помеѓу јули и август 2016 година, исто така, беше поврзано со одмрзнувањето на вечниот мраз, што овозможи старите спори на Bacillus anthracis повторно да се појават.

Остануваат многу непознати

Научниците сè уште не знаат колку долго овие вируси можат да останат заразни откако ќе бидат изложени на денешните услови, ниту колку е веројатно вирусот да најде соодветен домаќин. Не сите вируси се патогени, односно не сите можат да предизвикаат болест; некои се бенигни, па дури и корисни за нивните домаќини.

Дополнително, Арктикот е ретко населен во однос на неговата површина, така што ризикот од изложување на антички вируси е многу мал. Но, прашање е колку долго ќе трае оваа ситуација. „Ризикот сигурно ќе се зголеми во контекст на глобалното затоплување, каде што вечниот мраз ќе продолжи брзо да се топи и повеќе луѓе ќе ја населат областа“, рече Клавери.

Истражувањето An Update on Eukaryotic Viruses Revived from Ancient Permafrost беше објавено во списанието Viruses.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе