Научниците предупредуваат од потенцијални вонземни шпионски сонди во блиската вселена

Дали Земјата ја шпионираат вонземни сонди? И покрај тоа што засега веројатноста за такво нешто е минимална, не би било лошо доколку се ипратат наши сонди, чисто за да бидеме сигурни.

Физичарот и СЕТИ истражувач Џејмс Бенфорд смета дека блиските астероиди кои имаат слична орбита како Земјата се идеално место за шпионажа. Неговото мислење под наслов „Looking for Lurkers“ го објави реномираното списание Astronomical Journal во своето септемвриско издание.

„Сонда лоцирана на блиско растојание од нас би можела да си работи додека нашата цивилизација не развие технологија со која ќе ја пронајде, а штом би оствариле контакт би можело и да се оствари конверзација во реално време“, пишува Бенфорд.

Тој не само што нуди можни места за вонземни сонди, туку и дава предлози како истражувачите би можеле да пронајдат докази за вонземна технологија, од употреба на оптички и радио телескопи до праќање на летала.

Многумина сметаат дека Месечината е перфектно место за вонземна шпионажа, но Бенфорд не се согласува со тоа. Според него, тоа што дел од нејзината површина две недели е во целосна темница би го лишило секое летало од извор на сончева енергија поради што функционалноста би му била намалена. Додава и дека поставувањето сонди премногу близку до Земјата не би им одело во прилог на вонземјаните кои најверојатно би претпочитале да останат неоткриени.

Најблискиот астероид кој има слична орбита со векови ќе се движи блиску до Земјата. Ваквите тела за Бенфорд се идеални за вонземни шпионски сонди токму поради долготрајноста на сличната орбита.

Самиот физичар потенцира дека теоријата е малку веројатна, но сепак возможна. Но, не губиме ништо доколку се потрудиме да ѕирнеме што има таму, можеме само да добиеме.

„Доколку не најдеме ништо, тоа ќе значи дека никој не дошол да бара живот на Земјата. Тоа би било изненадување, навистина неверојатно“, вели тој.

И Пол Дејвис, физичар и астробиолог при Државниот Универзитет во Аризона, се сомнева дека би се пронашла вонземна технологија за набљудување околу Земјата, но исто така потенцира дека е корисно науката тоа да го провери.

„Колку веројатно е вонземна сонда да се наоѓа на некој од овие орбитирачки објекти? Нормално, крајно неверојатно. Сепак, доколку не кошта премногу пари би требало да се провери. Зошто да не? Дури и да не пронајдеме вонземјани би можеле да пронајдеме нешто друго интересно“, изјави Дејвис за Live Science.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе