Научниците предвидуваат: Луѓето ќе слетаат на астероид во 2073, а на Јупитер во 2103 година

Научници од НАСА прогнозираат кога луѓето би биле во можност да слетаат на астероид, а потоа на Јупитер и на Сатурн.

Во 2020 година леталото Осирис на НАСА слета на астероидот Бену за да собере примероци од неговата површина, со цел да стигнат на Земјата во 2023 година. Но, сега научниците предвидуваат дека луѓето ќе слетаат на астероид за 50 години, под услов ако пристигнат на Марс до 2038 година. Тоа значи дека многу луѓе кои живеат денес би можеле да сведочат на слетувањето на други небесни тела освен Месечината и Марс.

Меѓу тие научници е и Џонатан Џианг, супервизор и главен научник во Лабораторијата на НАСА за ракетен погон во Пасадена. Нивниот модел на предвидување е базиран на економски анализи и темпото на раст на буџетот за вселената и напредок на технологијата.

Џианг смета дека луѓето и покрај напредокот на технологијата и понатаму се однесуваат „како деца“. Научникот верува дека кога друга цивилизација би ја посетила Земјата би била изненадена што луѓето носат оружје, се борат и убиваат едни со друго.

Тој го повтори предупредувањето на професорот Стивен Хокинг кој изјави дека луѓето мораат да ја напуштат Земјата во наредните 200 години доколку човештвото сака да преживее. Физичарите веруваат дека животот на Земјата е загрозен поради опасност од удар од астероид, инвазија на вонземјани или грешка со вештачката интелигенција, додека преголемата популација човечката агресивност и климатските промени можат да доведат до самоуништување на луѓето.

Ако сè мине според планот на научниците, луѓето би требало да слетаат на Марс во 2037 година, за да се овозможат нови истражувачки програми и истражувања на други објекти во Сончевиот систем.

Ако работите се одвиваат според планот, слетувањето на астероид се очекува во 2073 година, на Јупитер во 2103 година, а на Сатурн во 2132 година.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе