Научниците разбудија животно после 24.000 години: Го нахранија, почна да се размножува

Малата ротифера, која минала 24.000 години во сибирскиот мраз, се активираше и почна да се размножува откако научниците ја загреаја и нахранија.

Научниците успеаја да оживеат мало животно, познато како ротифера или ротаторија, кое 24.000 години било замрзнато во сибирскиот пермафрост. Ротаторијата стана активна, па дури и почна да се размножува откако научниците ја загреаја и нахранија.

Познато е дека едноставните организми како што се бактериите можат да преживеат илјадници години во пермафрост (вечен мраз), но со овој успешен експеримент научниците потврдија дека покомплексни организми имаат слични способности. „Се работи за животно со нервен систем, мозок и други органи“, наведува биологот Стас Малавин од Научниот центар за биолошки истражувања во Пушчино.

„Нашето истражување е најсилниот доказ досега дека повеќеклеточните животни можат да издржат десетици илјади години во криптобиоза, состојба во која се запираат метаболичките процеси“, истакнува Малавин.

Вратени во живот и 30.000 години стари цевчести црви

Научниците претходно успеаја да оживеат два вида на цевчести црви кои биле замрзнати во пермафростот најмалку 30.000 години. Во истражувањето од 2018 година беше објавено како тие ги вратиле во живот повеќеклеточните цевчести црви Panagrolaimus detritophagus и Plectus parvus, кои биле во мирување на пермафростот во долината на реката Колима на крајниот североисток на Сибир. Депозитите во кои се пронајдени цевчестите црви се стари меѓу 30.000 и 40.000 години.

Сепак, ова е прв пат да биде оживеана толку стара ротаторија. Ротаториите спаѓаат во групата на најмали повеќеклеточни животни, со големина од 0,1 до максимум 3 милиметри. На главата имаат венец од трепки со кој се движат.

По оживувањето ротаторијата почнала да се размножува

Во 2015 година, Малавин и неговите колеги дупчеле во вечниот мраз во близина на реката Алазеја во Сибир, Русија. Притоа, пронајдоа една ротаторија, помала од една четвртина од милиметар. Кога ја загреале и ѝ дале храна, животното се реактивирало.

На уште поголемо изненадување на научниците, ротаторијата почнала и да се размножува. Имено, одредени видови ротатории имаат различни начини на репродукција. Во поволни услови, тие се размножуваат асексуално (партеногенеза), а кога условите се неповолни, тие избираат сексуална репродукција.

„Ние сме сосема убедени дека ова е нов вид“, вели Малавин. Тој и неговиот тим направија секвенцирање на геномот на ова античко животно и открија дека тој е најмногу сличен на видот на ротаторија наречена Adineta vaga.

Не се знае точно како преживуваат толку долго замрзнување

Научниците веруваат дека денешните ротатории имаат слична способност да преживеат како и нивните антички предци. За време на еден експеримент, Малавин на -15°C на недела дена замрзнал индивидуи од разни современи видови, како и некои потомци на антички ротатории. Двете групи биле подеднакво толерантни на смрзнување, со слични стапки на преживување.

Сепак, Малавин и неговите колеги сè уште не знаат точно како овие суштества успеваат да преживеат. Имено, организмите кои толерираат замрзнување имаат многу механизми за преживување, не само еден, и не сите користат исти.

Истражувањата покажуваат дека ако процесот на замрзнување е релативно бавен, клетките на ротаториите можат да го преживеат формирањето на ледени кристали со минимално оштетување, што им овозможува да преживеат, но сè уште не е познато како можат да преживеат десетици илјади години.

„Всушност, токму овие механизми, изненадувачки, ни се слабо познати“, заклучува Малавин.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Вести

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more

Повлечена студијата која тврди дека во Индонезија е пронајдена 27.000 години стара пирамида

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе