Научниците тврдат дека уметноста го продолжува животот

Доколку не сте слушнале за музеотерапија време е да се запознаете малку повеќе со ова. Истражувачите од универзитетот во Лондон дојдоа до заклучок дека редовните посети на музеи, галерии и театри не се задоволство само за очите, туку можат да ви помогнат и да живеете подолго време, пишува Bright Side.

Како дошле до овој заклучок?

За оваа студија истражувачите анализирале податоци на 6.710 возрасни Британци на возраст од 50 години нагоре. Просечната возраст на испитаниците била 66 години. Овие луѓе се испрашувани за тоа колку се посветени на уметноста, вкучувајќи ги и посетите на музеи, галерии, опери, театар. Тие можеле да бираат помеѓу 3 опции: никогаш, понекогаш и редовно.

Целта на оваа студија била да се пронајде поврзаност помеѓу неактивниот ангажман во уметноста и стапката на смртност.

Во текот на 14 години се тестирани околу 2.000 испитаници. Најчестата причина за смрт биле рак, кардиоваскуларни заболувања, проблеми со бубрезите и други причини.

Затоа истражувачите ги анализирале собраните податоци и дошле до заклучок дека што повеќе ја храните душата со уметност, толку помал ризик имате од предвремена смрт.

Луѓето коишто редовно практикувале каква било уметност, имаат 31% помал ризик од предвремена смрт.

Некои други фактори како што се демографија, социјален и економски статус, здравје и брачен статус исто така се земени предвид, но научниците не пронашле врска помеѓу нив и резултатите од истражувањето.

Многу научници веруваат дека уметноста го намалува стресот, ја зголемува креативноста, ви дава чувство на мир и смисла на животот.

Претходните студии исто така покажаа позитивно влијае на уметноста на здравјето на луѓето, вклучувајќи го и намалувањето на високиот крвен притисок, висок холестерол, краток здив и други симптоми.

Иако музеите и театрите се затворени, најпознатите уметнички и културни институции се достапни виртуелно, па бесплатно може да се прошетате низ некои од најпознатите галерии.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе