Научно достигнување: Машина преведува мозочни бранови во реченици

Научниците направија голем чекор напред во обидите да го дешифрираат она што го кажува човекот само со следење на мозочните бранови додека зборува.

Успеаја да ги оспособат алгоритмите за префрлање на обрасците од мозокот во реално време и тоа со стапка на грешка помала од 3%.

Досега, т.н. мозочни машини покажуваа ограничен успех во дешифрирањето на невронската активност. Меѓутоа, истражувањето чии резултати беа објавени во списанието Nature Neuroscience покажува поинаква слика, пренесува BBC.

Претходно научниците успеваа само да дешифрираат фрагменти од изговорени зборови или мал процент на зборови содржани во одредени фрази. Затоа експертот за машинско учење Џозеф Макин ид Уиверзитетот на Калифорнија и неговите колеги се обидоа да ја подобрат точноста во дешифрирањето.

Четворица доброволци читаа на глас реченици, додека со електроди се следеше нивната мозочна активност. Потоа нивната мозочна активност беше внесена во компјутерски систем кој креира приказ на карактеристиките кои редовно се појавуваат во овие податоци. Овие обрасци се поврзуваат со повторуваните делови од говорот, како самогласки, согласки или конкретна поставеност на устата. Вториот дел од системот го дешифрира овој приказ збор по збор и на тој начин составува реченици.

Меѓутоа, авторите на истражувањето отворено признаваат дека истражувањето има недостатоци. На пример, говорот што го дешифрирале бил ограничен на 30-50 реченици. Тие додаваат дека машинската врска идентификува и поединечни зборови, а не само реченици.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе