Досегашните истражувања покажаа дека читањето не само што го исполнува нашиот мозок со информации, туку и го подобрува и може да го промени начинот на кој размислуваме.

Читањето е неопходно за луѓето на различна возраст, дури и половина час читање за работи кои ве интересираат е доволно да ги почувствувате многуте предности. Станува збор за ментален тренинг кој е подеднакво важен како и физичкиот.
На кои начини читањето делува на мозокот?
Експертите се сложни дека читањето е всушност вежба за емпатија. Помага да ја разберете перспективата на другите, а која прилично се разликува од вашата и затоа го зголемува емоционалниот коефициент.
Во студии спроведени со цел да се разберат предностите на читањето, истражувачите ги увиделе ефектите. Ако ликот од книгата вежба, делови од мозокот ќе се активираат како да се потите во теретана. Друго истражување сугерира дека книгите можат да ве инспирираат да го преиспитате животот и работите околу себе, помагаат да се фокусирате и полесно да ги сфатите посложените идеи.
Оваа активност ја подобрува способноста за замислување на алтернативни решенија, меморирање детали, сцени и размислувања за сложени проблеми. Тоа ќе ве направи попаметни, поупатени во работите и ќе ве доведе чекор поблизу до успех.
Што се случува кога не читате доволно?
Прво, ако не читате, нема да стекнете знаење. Вашиот речник ќе биде ограничен, а способноста за расудување исто така ќе се намали. Освен тоа, со текот на времето ќе страдаат и вашата способност за концентрација и сочувство со другите.
Ако не читате, значи немате ментално вежбање и тоа ќе ве направи склони кон ментални проблеми во староста. Истражувањата докажаа дека читањето и игрите со решавање проблеми можат да помогнат во спречување на губење меморија, намалување на ризикот од стрес и превенција од различни видови деменција кај повозрасните луѓе.