Живот

Науката открива: Зошто тешко ги памтиме имињата на луѓето при запознавање?

18. јули 2019 - 14:46 | Б.С.Б.

Научници од Универзитетот во Канзас тврдат дека вештината за памтење имиња зависи исклучиво од нивото на вашата заинтересираност.

Квалитетот на меморија не е виновен за тоа што вие не ги памтите имињата на луѓето кои ги запознавате, туку вашиот недостаток на внимание, незаинтересираноста.

Кај секоја личност е изразен некој вид паметење. Така, некој подобро памети бројки, друг датуми, во зависност од заинтересираноста. Личностите кои се друштвени полесно паметат имиња бидејќи тоа ги интересира.

Луѓето кои се бават со политика, продажба или работат како професори и предавачи добро памтат имиња, бидејќи се свесни дека таквата способност е голема предност во нивната професија.

Професор по психологија од Универзитетот во Канзас открива кои се најдобрите трикови за памтење имиња:

1. Обрнете внимание ако личноста со која се запознавате го изговори своите име во истиот момент кога и вие ќе го направите тоа. Доколку не сте слушнале убаво или не сте разбрале, замолете го да го повтори името.

2. Можете да коментирате со реченици од типот „И мојот син се вика така“ или „Тоа е многу убаво име“.

3. Обраќајте се на личноста по име. Со мала вежба полесно ќе го запамтите името на новиот познаник. Исто така, луѓето сакаат кога другите им се обраќаат по име бидејќи тогаш имаат чувство дека и другата страна е заинтересирана да слушне што имаат да кажат.

Коментирај