Навалете на зимницата, но внимавајте на една работа

Дојде време да ја извадиме внимателно подготвената зимска храна од шпајз и со неа да ја украсиме празничната и секојдневната трпеза... Придобивките од туршијата, киселата зелка и краставиците се многубројни, и не станува збор само за вкусен и практичен зеленчук без кој ретко кој оброк може да помине, туку се работи и за исклучително здрава храна.

Со конзумирање на зимница ќе го зајакнеме имунолошкиот систем, ќе ги внесеме потребните витамини во нашиот организам, но и поволно ќе влијаеме на дигестивниот тракт кој едноставно ќе биде преоптоварен поради празничните прејадувања.

Нутриционистката Тања Олајџија даде свое мислење за туршијата – што е најздраво, а што не треба се консумира.

„Домашната туршија е фантастичен извор на витамини и влакна кој ја создаваат потребната рамнотежа на, во овој период од годината, често пребогатите оброци. Во процесот на ферментација зеленчукот добива дополнителни витамини, па туршијата е извор на витамин К, витамини од групата Б, како и особено важни и ретки во растителната храна - Б12. Освен тоа, туршијата е вистинско богатство на пробиотски култури кои прават чуда за нашиот дигестивен тракт – го олеснуваат варењето, спречуваат запек, гасови и надуеност. Природните пробиотици ќе се погрижат и за зајакнување на нашиот имунолошки систем, ќе го балансираат нивото на холестерол и ќе делуваат превентивно на ракот на дебелото црево и другите хронични заболувања“, објаснува диететичарот-нутриционист Тања Олајџија.

Сите горенаведени предности на туршијата важат и за киселите краставички, но овие омилени зелени овошја имаат дополнителен плус - ниска калориска вредност, поради што се вклопуваат во секоја диета за слабеење.

„Краставички, карфиол, моркови и пиперки - сите се вреден извор на витамин Ц во зима, кој не штити од вирусни инфекции. Сепак, како омилена би ја издвоила киселата зелка, кисела на традиционален начин, без никакви конзерванси. Водата во која е закиселена - расолница - може да се пие и да се користи како додаток во оброците. Расолницата е многу богата со микронутриенти и ја зајакнува цревната флора, но штити и од чир на желудникот“, додава таа.

На интернет често може да се најдат совети дека е здраво и корисно да се пие дури и вода во која стоеле кисели краставички. Сепак, нашата соговорничка вели дека тоа не одговара на вистината, и дека за разлика од расолницата, тоа не би го препорачала.

„Поради високата содржина на сол, ова е апсолутна контраиндикација за сите бубрежни и срцеви болни. Во оваа вода често се додава и шеќер, а да не зборуваме за конзерванси - ако сте купиле краставици или самите сте додале некој вид конзерванс, тогаш навистина не е препорачливо да ја пиете оваа вода. Аргументот дека оваа вода е богата со витамини од краставиците не е задоволителен бидејќи тие (ако ги ставиме на парче, не исечкани) ги задржуваат речиси сите витамини во нив, па овој аргумент секако не ја оправдува огромната содржина на сол и конзерванси кои на тој начин би ги внесле“, објасни таа.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Read more
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе