Навални новогодишната ноќ ја поминал во дисциплинска ќелија

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор во Русија речиси две години, изјави дека новогодишната ноќ ја поминал во дисциплинска ќелија, што е уште еден пример за заострување на неговите услови за притвор.

Во порака испратена до неговите адвокати и објавена денеска на социјалните мрежи, Навални рече дека управата на затворот, на околу 200 километри од Москва, одлучила на 31 декември да го осуди на 15 дена во дисциплинска ќелија поради кршење на прописи.

Рускиот опозиционер рече дека му замериле што едно утро станал во 5 часот и 24 минути и ја завршил утринската тоалета, односно 36 минути пред време, бидејќи се станува во 6 часот.

– И така ми ги уништија плановите да поминам супер дочек на Новата Година со чипс и конзерва риба што ги оставив на страна, изјави Навални.

Тој додаде дека цела новогодишна ноќ ја поминал во ќелија со двајца затвореници, од кои едниот постојано врескал од психоза.

– Сè на сè, задоволен сум. Луѓето плаќаат за да поминат оригинална Нова година, за мене тоа беше бесплатно, рече Навални.

Навални, кој е голем критичар на Владимир Путин, беше уапсен во Русија во јануари 2021 година, откако се врати во земјата по тешкото труење, кое му го припишува на Кремљ.

реклама

Свет

Зеленски: Трамп не е на страната на Украина

Read more

Омилената вила на Путин сега е заштитена со 27 системи за воздушна одбрана

Read more

Како промената на владата во Унгарија ќе влијае на ЕУ?

Read more

Европа подготвува воена мисија во Ормутскиот Теснец без Америка, Израел и Иран

Read more
 

Вести

Зеленски: Трамп не е на страната на Украина

Читај повеќе
  • filter

Омилената вила на Путин сега е заштитена со 27 системи за воздушна одбрана

Читај повеќе

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Читај повеќе

Како промената на владата во Унгарија ќе влијае на ЕУ?

Читај повеќе

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Читај повеќе

Левица со поддршка за протестот на културните работници

Читај повеќе
  • filter

Македонска пошта доби 100 нови возила

Читај повеќе

Мицкоски очекува цените на горивата уште да паѓаат

Читај повеќе
  • play_arrow

Вучиќ го нападна Маѓар

Читај повеќе