Лидерот на руската опозициција Алексеј Навални е префрлен од московски затвор и моментално не се знае каде се наоѓа, изјави вчера неговиот адвокат Вадим Кобзев.
Адвокатот за новинската агенција Interfax изјави дека сакал да го види Навални, кој беше во притвор во Москва, но му било кажано дека опозицискиот политичар е пренесен „некаде“.
„Не ми беше кажано каде е префрлен, веројатно во казнен логор“, рече Кобзев.
Првично, немаше потврда од официјалните власти.
„Фактот што не знаеме каде е сега и што се случува со него ја потврдува големината на заканата“, напиша на Twitter сојузникот на Навални, Леоник Волков, кој живее во странство.
Адвокатите на Навални веруваат дека тој би можел да биде ослободен летото 2023 година, земајќи го предвид времето поминато во притвор и во домашен притвор.
Навални претходно беше осуден за кршење на условната слобода бидејќи се опоравуваше од труење во Германија.
По враќањето во Русија, Навални веднаш беше уапсен и приведен пред да биде осуден во вонредна состојба. Таа казна е критикувана како политички мотивирана.