NAVEE N65 е електричен тротинет со кој може да поминете до 65 км со едно полнење

Ви го претставуваме новиот модел NAVEE N65 електричен тротинет на преклоп кој се карактеризира со високи перформанси и нуди незаборавно искуство во возењето. Освен што има максимална носивост до 120 килограми, со едно полнење може да поминете и до 65 километри.

Тротинетот може да се пофали со нов, иновативен начин на преклоп (двоен) кој овозможува брзо и едноставно склопување и расклопување. Рачките на тротинетот се исто така расклопливи.

Опремен е со 10 инчни off-road гуми кои поради оваа големина нудат уште подобра апсорпција на ударите и помали вибрации при возењето. Широки се 7.6 сантиметри и со тоа овозможуваат дополнителна стабилност и удобно возење. Тротинетот е изработен од легура од магнезиум со ширина 17  см и е обложен со високо еластична, анти-лизгачка подлога.

Со цел да овозможи висока стабилност и беспрекорни перформанси, тротинетот е опремен со висококвалитетен brushless мотор од 500 W кој лесно ќе го движи на угорнини до 25%. N65 користи дизајн со двојни кочници и може да се пофали со предна E-ABS и задна диск кочница.

Опремен е со литиумска батерија од 48V 12,5Ah со BMS систем која овозможува автономија до максимални 65 километри. Поради сигурност во сообраќајот брзината е ограничена на 25км/ч а достапни се 3 начини на работа.

Тротинетот е опремен и со предно и задно светло што овозможува сигурно возење и во ноќните часови, додека пак екранот овозможува пратење на брзината, статус на батерија и слично. Статистиките и податоците може исто така да ги најдете и на апликацијата.

Тротинетот издржува максимална носивост до 120 килограми.

Цената на NAVEE N65 е 41.990 денари, гаранцијата е 1 година, а може да го купите тука.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе
  • filter

23 април 1014, Ирците ги победиле Викинзите кај Даблин

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе