Навика што го отежнува топењето на висцералното масно ткиво

А.С.
/ 06.11.2024 / 16:16

Мастите наталожени на стомакот, технички познати како висцерални масти, може да претставуваат сериозен ризик по здравјето.

Тоа е вид на масти што се таложат длабоко во стомакот, околните органи како што се црниот дроб и цревата. Ова не само што прави стомакот да изгледа позаоблен, туку и висцералните масти создаваат воспалителни протеини кои го зголемуваат ризикот од хронични заболувања како што се срцеви заболувања, дијабетес, неалкохолно масно заболување на црниот дроб и некои видови на рак.

Сепак, начинот на живот и исхраната имаат големо влијание врз количината на висцералните масти. Ако сте меѓу оние кои сакаат да го намалат висцералното масно ткиво, треба да престанете со навиката која на многумина од нас им стана дел од секојдневието.

Според Eating Well, седењето прекумерно и долги временски периоди е навика број еден што треба веднаш да ја прекинете за да го намалите висцералното масно ткиво. Повеќето луѓе не се доволно активни, и поради седечкиот начин на живот и поради мрзливост. Иако експертите препорачуваат да се биде активен најмалку 150 минути неделно, помалку од половина од луѓето се всушност физички активни.

Тие додаваат дека истражувањата покажуваат дека зголемувањето на физичката активност може да биде еден од најдобрите начини да се запре прогресијата на болестите предизвикани од вишокот телесни масти.

Диететичарот Ерин Палински-Вејд се согласи, истакнувајќи: „Со почесто и поинтензивно вежбање можете да изградите чиста телесна маса, што помага да се зголеми вашиот базален метаболизам, кој промовира поповолен состав на телото. Вежбањето исто така го стимулира метаболизмот на мастите и го регулира нивото на инсулин, помагајќи му на телото да поефикасно ги согорува складираните масти“.

Таа советува да изберете активности кои нема значително да ви го променат животот, но сепак позитивно ќе влијаат на вашето здравје.

„Вклучете го движењето во вашиот ден со правење мали промени, како одење по скалите наместо користење на лифт, паркирање подалеку од влезот или подолга прошетка до кафематот на работа за да додадете повеќе чекори во вашиот ден“, додава таа.

Исто така, корисно е да поставите аларми во текот на денот кои ќе ве потсетат да станете од работното место и да направите кратка прошетка.

„На секои 30 до 60 минути, поставете потсетник да станете, да се истегнете или да одите неколку минути. Ова ги прекинува долгите периоди на седење и помага да се стимулира циркулацијата и мускулната активност“, истакнува нутриционистот Патриша Банан.

реклама

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Вучиќ: Што им згрешивме на Бугарите, не би знаел да кажам

Read more

Стапи на сила воениот договор меѓу Северна Кореја и Русија: Предвидува помош без одлагање

Read more

Лавров влезе во ЕУ, на Захарова ѝ ја укинаа визата

Read more

Фит

Како да правите повеќе склекови за само 30 дена?

Read more

7 намирници што ќе ве држат сити без дополнителни калории

Read more

5 совети од нутриционист за побрз метаболизам и слабеење

Read more

Тренер објасни што се случува со телото ако вежбате кардио секој ден

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Предупредувачки симптоми дека имате вишок кортизол

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да направите детоксикација по празниците?

Читај повеќе

3 хороскопски знаци ги очекува брак во 2025 година

Читај повеќе

Што никогаш не треба да правите на празен стомак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Во игротека со мама и тета

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт за најдобриот домашен тартар сос

Читај повеќе

Храна што може да го намали ризикот од рак на дојка

Читај повеќе

5 фрази кои децата најмногу сакаат да ги слушаат од своите родители

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Површината на Монако се зголеми за 3%: Мегапроект од 2 милијарди евра

Читај повеќе